Карди Би се соочува со твитер-пекол откако сподели дека размислува да си купи ташна од 88.000 долари.
Се разбира, луѓето веднаш имаа мислење дека е безобразно воопшто да го споделува тоа со оглед на тоа колку луѓе се мачат финансиски и пандемиски, но, бидејќи се тоа луѓе со селективна меморија, пропуштија да се сетат дека Карди Би беше особено дарежлива последнава година.
За да им одговори, им објасни неколку работи, почнувајќи од тоа дека донираше буквално милиони за време на пандемијата, и ова вклучуваше финансиско помагање фанови преку КешАп.
1 https://t.co/LLlwAgmBJX pic.twitter.com/bRKyXtw9W9
— iamcardib (@iamcardib) December 6, 2020
Потоа, ги потсети на уште нешто:
„Исто така,“ допиша, „имам седум чичковци и три тетки од кај татко ми и тројца вујковци од кај мајка ми и еден куп братучеди на кои им помогнав во пандемијава... Ако сакам да потрошам пари - можам, без вие да ми барате нешто, како јас и маж ми што не бараме. Фала.“
Па, допиша:
„Добро бе, дечки, се извинувам. Среќни сте? Не гледам дека барате Трамп да се извини што пропушта состаноци за КОВИД за да игра голф.“
И бидејќи нема разбирачка со таа кал насобрана на Твитер, последното што излезе на тема ташна од 88.000 долари беше следно:
„Е сега дефинитивно ќе ја купам ташната.“
И за крај едно фино:
„Сакате да ја видите?“