Такви се на пример Хилари Клинтон, Меланија Трамп, Кери Симондс… Делат живот со моќни мажи кои другите жени (а можеби и нив) ги третираат ужасно. И, без разлика дали е тоа фер или не, и тие некако треба да одговараат за неприкладното сексуално однесување и политички гафови на нивните сопрузи и дечковци.
Додека престојувал во Венеција пишувајќи ја книгата која ќе стане негов мемоар-бестселер, писателот се сретнал со афро-американски експерт за уметност - средба која засекогаш ќе го промени неговиот начин на пишување во врска со расните поделби.
Ако веќе разговараме за моќта и нејзината злоупотреба, можеби е време одново да ги дефинираме - шефовите. Што значи тоа сега, а и што ќе значи во иднина - да седиш на врв на компанија, дивизија или оддел, да имаш моќ, да примаш и отпушташ луѓе и да диригираш со вработени, а паралелно да бидеш одмаздољубив, со краток фитил и лош?
Ја замисливме поставена на тромеѓе Македонија-Грција-Бугарија: светлосни снопови го параат небото, луѓе се спојуваат преку космички аудио канал, и по првите срдечни поздрави за да им се направи атер на организаторите, почнуваат кошкањата. А можеби и сосема обратно - се врти на песна и на виртуелно споделена пијачка, додека рефлекторите формираат срциња на небото.
Пред пеесет и една година, група демонстрантки кои себе се нарекоа W.I.T.C.H. исценираа клетва за Ноќта на вештерките на Вол Стрит. Облечени во црно, со шилести капи, се провлекоа низ тесните улици на Менхетн доцна навечер и стигнаа до влезот на њујоршката берза, каде што истурија лепак на шарките од влезните врати. Следното утро, банкарите не можеа да влезат - и берзата падна за 13 поени.
„Кога го прашаа не знаеше што да каже, се тресеше како мало дете“, рече американскиот претседател за легендарниот Стив Кер, кој во неколку наврати се приклучи на одлуката на Вориорси да не ја посетат Белата куќа како шампиони во НБА (2017 и 2018).
Во новиот мемоар, музичарката и писателка ја опишува 70-тата година од својот живот. Книгата е главно мрачна и тажна, но со голема енергија да се раскаже и така да се преживее.
За оние кои никогаш не гледале шоу од ваков тип, станува збор за класична симулација на „столб на срамот“ - позната личност седнува на сцена додека други познати (и помалку познати) ги коментираат сите нејзини недостатоци. Зошто овој формат е толку бизарно привлечен и зошто никогаш не би успеал кај нас?
Се вели дека за да се вовлечете во гледањето на некој филм или серија треба да се поврзете со главниот лик, да дозволите тој да ви влезе под кожа. Во случајов тој е толку гаден, што не сакате да ве опседне. Па сепак, не можете да престанете да го гледате. Не за друго, туку за да го дочекате моментот кога ќе го стигне некаква казна.
Освен некој формален извештај и по некој „груб“ збор во полу-празна сала на ООН и ФИФА, светот не знае ништо за средовековните забрани и казни во Иран каде се самозапалли најпознатата активистка за правата и слободите на жените.
Urban Dictionary во раната интернет ера делуваше како одличен проект - отворен речник на англискиот во кој секој може да придонесува. На неговиот 20-ти роденден ова веќе не изгледа како добра идеја.
Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.
Борис Џонсон, новиот премиер на Обединетото кралство, сака да влегува во просторија како да е наставник по математика на замена - доцни, чорапите му се наопаку, кошулата му е измкната и исфлекана, а идиотската фризура му е лом.
Вчера, 1.8, се одбележаа два века од раѓањето на авторот на најзначајната, а најретко читана книга на англиски. Наречена е „Монт Еверест на книжевноста“, но не заради големиот број страници (такви обемни книги има многу), туку заради тоа што нејзиното исчитување станува поход до самиот себе - борба со сопствените демони, бури и китови.
Наместо Путин, главен „зликовец“ во руската верзија станал Трамп. Плус без знаење на авторот се променети и некои битни термини. Сепак тој деновиве е под остра критика на јавноста што се согласил на каква и да е адаптација под притисок на руските цензори.
На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.
Најславниот и најзабавен центар во историјата на НБА од Италија се префрли да пушта музика во Хрватска. 24 сата го начекаа на интервју. Дражен Петровиќ беше неизбежна тема, а ги имаше многу, до тоа кој број на чевли носи.
Поентата на текстот е поинаква, ама нам ни е крајно интересна врската помеѓу настап на политичар и број на пребарувања во речник. После настапите на нашиве единственото низ што ти иде да пребаруваш е шкафчето со апчиња за смирување.