„Не се сметавме за вистински вештерки, но го искористивме тој симбол поради она што го претставува: моќна жена,” вели авторката Робин Морган, една од организаторките на протестот, забележувајќи дека акронимот - Women’s International Terrorist Conspiracy From Hell („Женска меѓународна терористичка организација од пеколот”) денес најверојатно не би прошол толку добро.
Денес можеби не би ни имало потреба да се криеш. Вистински вештерки се шетаат меѓу нас и изгледа како да се насекаде.
Колешките-миленијалци што читаат од тарот карти на пауза од работа, и колегите што те канат да им се придружиш на „Месечева церемонија” што помага за успех во кариерата.
Инфлуенсерки под хаштаг #witchesofinstagram што споделуваат хороскопи, магии и вештерски мемиња, а притоа се анти-Трамп активисти со транспаренти „Клетва за патријархатот” и „Ние сме внуките на вештерките што не успеавте да ги запалите”.
Организираат панели, подкасти, а една може и да е кандидат за претседател - Мериен Вилијамсон.
„Мислам дека секој е најверојатно син или ќерка на вештерка,” вели Августен Буроуз, чија книга зборува како се пронашол себеси како вештер. „Вештерка е застарен збор, но многу го сакам. Мислам, не избрав јас да ја напишам книгава. Едноставно си дојде. И тоа ми кажува дека нешто е отклучено. Време е. Дојде моментот сите вештерки да излезат - со сета нивна енергична разноликост.”
И есенва, еден куп нови вештерски книги излегоа на пазарот - толку многу што Паблишерс Викли прогласија „сезона на вештерки”.
Има фиктивно вештерство во една со наслов Хекс Лајф - колекција на приказни напишани од страна на авторки што пишуваат фантастика и многу книги за самопомош. Има Бичкрафт: Едноставни магии за секојдневни нервози и слатка одмазда, и содржи баш тоа што мислите дека содржи. Па наслов како излезен од Хари Потер - Современ вештерски водич за магични тревки, итн.
„Отпрвин ми беше незгодно јавно да се наречам вештерка,” вели Јејтс Гарсија која изведува енергетски лечења и одржува магиски работилници во Лос Анџелес. „Порасната сум со вештерство - мајка ми беше вештерка - и иако е наследно, до скоро не смееше да се кажува.”
Нема совршен начин да се најдат сите вештерки во Америка, но се знае дека Вика - религијата со корени во Англија во 1950-ти со пензионираниот слуга Џералд Гарднер што еднаш проба да му фрли магија на Хитлер е попопуларна од кога и да е, според одредени истражувања.
Не би требало да е изненадување што вештерството привлекува толку многу луѓе, особено меѓу миленијалките: интересот за спиритуалност има тенденција да се зголемува во тешки периоди, според Хелен Бергер, социолог и автор на Осамени пагани: Современи вештерки, Вика и други што практикуваат сами. „Се наоѓаме во период на голема транзиција и сите сме свесни за тоа: Глобализацијата е сè поприсутна, исто и огромната поларизација, а за многу од овие млади луѓе спиритуалноста е вистинско решение,” вели таа. „Им дава автономија.”
И се разбира, вештерките долго се врзуваат со женските прашања кои се во центарот на моменталните политички настани.
„Често знам да кажам, покажете ми ги вашите вештерки, а јас ќе ви ги покажам вашите чувства за жените,” вели Пам Гросман, автор на Будење на вештерката: Рефлексии за жените, моќта и магијата. „Вештерките ги рефлектираат нашите стравови и фантазии за моќни жени.”
Многумина веруваат дека бабиците биле гонети за вештерство. Жените што уживаат во сексот ги нарекувале вештерки. На изборите во 2008-ма, Хилари Клинтон ја нарекуваа вештерка. За жените што го користеа #MeToo, Трамп рече дека „ловат вештерки”.
Има и помали политички сили во игра: Носталгијата по ’90-ти со кожни чокери, и одново враќање на серии како Bewitched и Sabrina the Teenage Witch и филмови како Practical Magic и The Craft.
Повеќе од 40 години W.I.T.C.H. се горе-долу во мирување. А сепак, во последниве 2-3 години, Морган вели дека добива прашања од млади активисти што сакаат да почнат свои групи.
Пред две години, група вештерки од Сан Франциско фрли магија на Градското собрание за „поздрава иднина”; лани во октомври, окултна продавница во Бруклин одржа јавен ритуал за фрлање магија на Брет Кавано, тогаш номиниран во Врховниот суд, а којзнае до вечер (Ноќ на вештерките е денес) што ќе видиме.
„Мислам дека исто како што жените почнаа да носат маици со натпис „Гадна жена” кога Трамп ја нарече така Клинтон, ја прифаќаат и етикетата „вештерка”, вели Нел Сковел, телевизиски сценарист и автор на Сабрина и Волшебнички. Во денешно време, толку многу жени чувствуваат дека им е одземена моќта што е забавно да се размислува како би изгледало политичар да се тресне од ѕид со едно пукање со прсти.”
И замислете, замислете да можеше! Може па и треба да се собереме за една граѓанска клетва.
А сега, I Put a Spell on You, од Хокус Покус: