Ама па, Американците се понапред... Или не?
Пола Вајт е најновата вработена во Белата куќа, инаку спиритуален советник на Трамп - ова благо кажано.
Реално кажано, Пола Вајт е од оние блесави, напорни телевангелисти што се трескаат од земја, се преправаат дека зборуваат некакви дрвени јазици со лупање харабара сака харабау нешто, демек светец прозборе од неа и со храбри изјави од типот „Јас кога шетам по Белата куќа, значи Господ шета по Белата куќа” и „Да му кажеш не на претседателот е да му кажеш не на Господ.”
Па, нашиве можат да позавидат, бе!
Вајт се раководи според т.н. „просперитетно евангелие”, односно, Господ гледа сè што правите, и најголемите верници ги наградува финансиски.
Па, каква е таа најјака, непробојна догма. Кој не би дал пари да послуша уште малку како Господ ќе го награди финансиски, ако вистински верува?
А за да покажеш дека си верник, треба да направиш донација. Пола ќе среди. После ќе дојде финансиски комитет да провери кај отишле донациите, затоа што можно е Пола да не средила, ама ти донирај.
И провери кога следниот пат Пола ќе долета со приватниот авион да ти позбори малце со харау, харау, демек Исус збори, како Патрик Свејзи преку Вупи Голдберг што збореше.