Ова се разбира, носи политичка порака, и токму таа порака не му се допаѓа на Никола Жеские.
Иако е креативен директор на модната куќа од 2013-та, не успеа да преќути и на Инстаграм напиша
„Стојам против било каква политичка активност. Јас сум моден креатор и ја отфрлам оваа поврзаност.”
Ако го читаш само коментарот - малку е нејасно, ама па, хаштаговите ич не му се двосмислени.
Фотографијата има врска со песната High Energy од Евелин Томас, химна во геј-клубовите во ’80-ти.
Иако потегот е храбар, не е неочекуван - Жеские на работа се труди околу разноликост, ангажирање на трансродови модели и кршење на родовите граници во модата, тврдејќи дека е инспиративно да се гледаат толку многу родово-флуидни модели и нивното претставување.
Ако сте фатиле Pose на Нетфликс, од таму ја знаете Индија Мур, и токму Жеские ја ангажираше за реклами за накит. А други веќе му се заблагодаруваат што се наоѓа на „вистинската страна од историјата.”
Останува да се види како ќе реагираат останатите директори и креатори - Луи Витон е под истата LVMH капа заедно со Фенди, Фенти, Селин и Диор.