Светот да не се прави нем

Во Иран девојка се самозапали зошто ја чекал затвор што гледала фудбал

Освен некој формален извештај и по некој „груб“ збор во полу-празна сала на ООН и ФИФА, светот не знае ништо за средовековните забрани и казни во Иран каде се самозапалли најпознатата активистка за правата и слободите на жените.

Зошто целиот свет уште не е алармиран, ниту на насловните страни на најголемите светски весници нема ништо. И така веќе 40 години.

На жените во Иран после победата на исламската револуција во 1979 година, им е забрането да посетуваат фудбалски натпревари на стадионите. Наводно оваа одлука била донесена со цел „да се заштити понежниот пол од агресивната машка атмосфера на стадионите“.

Единствен децениски исклучок стана заедничкото гледање Светско првенство 2018, односно само мечот Шпанија - Иран минатото лето. Тогаш властите во Техеран поставија огромен видео-бим на стадионот „Азади“ и таква отстапка беше направена под притисок на ФИФА, но понатаму религиозните лидери останаа на својата одлука.

На Светското првенство 2018 на трибините ширум Русија се забележаа плакати во рацете на навивачите на Иран во знак на поддршка за сонародничките.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА НА КОЈА СВЕТОТ СЕ ПРАВИ НЕМ

29-годишната Сахар Ходајари, како и некои други жени, во март месец годинава се обидела да влезе на фудбалски меч со тоа што се облекла и маскирала како маж за да може да го гледа својот омилен тим Ештегал во азиската Лига на шампиони.

На жените им е забранет влез и оние кои ќе бидат фатени од службите, им се заканува најмалку 6-месечна затворска кразна. Кога Сахар, облечена во сино, во знак на поддршка на својот тим, била забележана од полицијата, веднаш ја привеле и 3 ноќи поминала зад решетки.

Минатата недела на судско рочиште, Сахар Ходајари разбрала дека ѝ се заканува затворска казна од 6 месеци до 2 години Веднаш потоа, во зградата на судот таа се полеала со бензин и се самозапаллила. Ја префрлиле итно во болница каде после неколку дена умрела.

Сахар била активна навивачка и активист на движењето OpenStadiums кое се бори против забраната за жените да одат на стадиони. На социјалните мрежи била позната како „Сината девојка“.

Од ФИФА брзо стигна реакција: „Длабоко жалиме за оваа трагедија. ФИФА го изразува своето најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Сахар. Одново го повторуваме нашиот апел до властите во Иран да гарантираат слобода и безбедност на сите жени кои учествуваат во законска борба против забраната за посета на стадиони“.

И ова соопштение е мошне штуро, ако се знае дека ФИФА како главна водечка фудбалска институција толерира средновековни забрани кои довеле до трагедијата. Ако во борбата со расизмот постојат високи комесари кои се немилосрдни кон клубовите чии навивачи извикуваат расистички скандирања или истакнуваат расистички пароли, сепак во борбата за слободите на движење на жените во Иран нема никакви резултати.

Постојат и феминистички движења во борба за правата на жените во САД. На приемр активистката Анџела Дејвис по изборот на Трамп во Америка го обвинила американскиот претседател за исламофобија и им предложила на сите жени да носат хиџаб и други наметки. Но сето тоа останува само на некои формални говори во ООН или во други институции и ситуацијата во Иран никако не се менува.

Сочувство до семејството на Сахар Ходајари упатиле и фудбалерите и управата на клубот Естегал. Меѓу нив е и капитенот на репрезентацијата на Иран Андраник Тејмурјан којшто има ерменско потекло и е единствениот христијанин кој игра за Иран. Тој изразил надеж дека „еден од главните фудбалски стадиони во Техеран ќе биде наречен во чест на Сахар Ходајари во иднина“.

Клубот Естегал за кого навивала Сахар, на Твитер напиша:

Поранешниот шпиц на Баерн Минхен, Али Карими кој има 127 настапи за Иран ги повикал граѓаните на Исламската република да ги бојкотираат натпреварите на репрезентацијата во знак на протест против репресијата која што довела до смрт на Сахар.

Необично е што додека целиот свет молчи, во Иран настапуваат организации, фудбалери и здруженија. Властите не санкционираат вакви најави, а смртта на Ходајари ја нарекле „горчелив инцидент“.

На оваа трагедија прва реагираше Рома која што на социјалните мрежи на неколку дена ја смени бојата на својот грб:

„Боите на нашиот клуб се жолта и црвена, но денес нашето срце има сина крв во знак на сеќавање на Сахар Ходајари“, стоеше на Твитерот на римскиот клуб.

После неколку дена сочувство до семејството на Сахар упатија уште и Барселона, Челси и другите големи европски клубови.