Канје Вест изјави дека се обидел да забрани предбрачен секс меѓу луѓето што работеле на неговиот нов албум. Раперот и моден креатор (хихи!) се подготвува за откривањето на неговото последно дело, со пригоден, апсолутно неизненадувачки наслов: Jesus Is King.
Во интервју со Зејн Лоу открива дека бил изложен на порнографија од мала возраст и бил зависен од секс откако починала мајка му во 2007-ма.
„Некои се дават во дрога, јас се давев во мојата зависност - секс.”
При дискусија за продукцијата на Jesus Is King, Вест, деклариран христијанин, вели дека побарал од соработниците да немаат секс пред брак. Вели,
„На моменти барав од луѓето да немаат предбрачен секс додека работат на албумот. На моменти, одев по луѓето што работеа на други проекти и им велев, може да работиш и да се фокусираш на ова? Мислев, сите да се фокусираме и да постиме - семејството што заедно се моли, заедно останува.”
Инаку ако сте заборавиле, Канје носеше и МАГА капа (Мејк Америка Грејт Аген) и раскажуваше по луѓе како тој и Трамп биле „змејска енергија”.
Планира и да се кандидира за претседател, во случај да се прашувавте дали може американската политика да биде побизарна.
Рекол,
„Ќе дојде време кога ќе бидам претседател на САД и ќе го запаметам секој што немал капацитет културолошки да разбере што правиме.”
и во истото интервју, се разбира додал и дека е „без поговор и несомнено најголемиот уметник на сите времиња.”
Страшното е што стварно може да му успее.
Некоја следна ратификација може да биде потпишана од
„Канје Вест, претседател на САД и најголемиот уметник на сите времиња”
Не ви е страв?