1. Првата (2010)
Пред 2010, интернетот им припаѓаше на мачките. Не само што го имаа Хаз Чизбургер - виртуелниот простор беше преплавен со нив и нивниот божемски грешен англиски. И тогаш дојде првиот Инстаграм пост, на 16 јули, 2010. Ко-основачот на апликацијата, Кевин Систром сликаше улично куче во Мексико и ја објави сликата со коментар: тест. Ги тестирал можностите на неговиот нов сервис за споделување фотографии, но ја тестирал и климата за кучиња. Од лансирањето на Инстаграм во октомври, 2010, хаштагот „догс” го има 97 милиони пати, ама мачки има САМО 92 милиони.
2. Највлијателната (2013)
Што се прави кога посетуваш нов град? Може да не стигнала оваа информација до вас, ама „облетување ѕидови” е нешто што пости на Инстаграм, па има и еден вид натпревар кој ќе начека најдобра позадина во вид на ѕид. Ова почнува во 2013, кога Колет Милер, уметник, ја објавува првата слика на Инстаграм од нејзиниот проект Глобал Ејнџел Вингс. Во основа: охрабри уметници да сликаат огромни крилја по ѕидов низ светот, што после тоа донесе луѓе кои позираат пред нив. Милер сакала да го потсети човештвото дека сме сите ангели на оваа земја.
3. Најромантичната (2014)
Ланселот и Гиневра се родени неколку стотици години прерано за да ги има на Инстаграм, почнува Гардијан, Ромео и Јулија се премногу фиктивни, па така, ако ви се верува, (продолжуваме ние), Ким Кардашијан и Канје Вест ја добиваат наградата за најромантична Инстаграм фотографија. Имаме ние и подобри идеи, на пример две мачки што се бањаат меѓу себе, ама вака вика Гардијан, затоа што - оваа фотографија стана најлајкувана фотографија на 2014-та и со тоа од тронот симна уште една сродна величина - Џастин Бибер.
4. Најлажната (2015)
Сега ни е јасно дека кога ќе видиме хаштаг #NoMakeUpSelfies - колку е лажно. А сепак, првата личност што авторитативно го изјави ова е тинејџерската инфлуенсерка од Австралија Есена О’Нил во 2015. Откако стекнала повеќе од 600.000 следачи, О’Нил избришала 2000 фотографии и ги сменила коментарите на тие 96 што и останале. „Сакам младите девојки да сфатат дека ова не е природно, или кул или инспиративно. Ова е осмислена совршеност создадена да добие внимание,” пишува под една слика од себеси во бикини, признавајќи и дека го вовлекува стомакот и ги поткрева градите. Со тоа што беше една од првите што го разобличи ова филување на работите, поплочи пат за многу нови дискусии, дури и академски студии за тоа како социјалните мрежу влијаат на менталното здравје.
5. Најкопираната (2015)
Има многу исклучителни работи во животот, што ги земаме здраво за готово: неонската розева на есенското сонце, распеаните птици по дрвја додека пешачиме до работа… Истовремено, недоволно ценето кога се појавило: тврдењето на Кендал Џенер дека најлајкуваната слика за 2015 органски се раширила. Таму, лежи на земја, во бел, чипкан фустан, косата ѝ е наместена во форма на седум срциња. Дефиницијата за „органско” е следна: „Се случува или се развива по природен, континуиран процес.” Колку може да е тоа органско, ако три манекенки ти ја местеле косата во срциња на јахта и тоа сите го знаат? Нема сигурен одговор, ама сликата има 3,5 милиони лајкови.
6. Заебот (2016)
Концептот на инфлуенсери што можат да ги натераат своите следачи да купат некаков производ во последниве неколку години знаеме како функционира, а оваа година Бизнис Инсајдер ја процени инфлуенсерската индустрија на 8 милиони долари.
Во мај, 2016, бившиот дечко на Кортни Кардашијан, Скот Дисик несакајќи ги остави и упатствата од клиентот во Инстаграм-објавата за протеински шејк. „Еве, во 4 попладне ќе пишеш: „Во чекор со летната рутина за вежбање со утринскиот @booteauk протеински шејк!” фино, лепо си објави Дисик. Два месеци подоцна и еден женски бенд, Литл Микс го направи истото со реклама за парфем. Диџитал.
7. Најконтроверзната (2016)
Во 2016 @genderless_nipple беше идеја за критика кон двојните стандарди на Инстаграм кога се работи за женска голотија. Уште од почетокот, ги критикуваа што цензурираат гради, со отстранување на разголени слики од жени, додека топлес мажи не беа никаков проблем. Овој акаунт го креираат тројца студенти од Њујорк и објавуваат зумирани фотографии од брадавици, па идентитетот, а и полот на сопственикот останува непознат. Имаат над 77.000 следачи и упорно го прават истото, а во октомври годинава, дури и состанок имаа со Инстаграм за да ги замолат да прекинат со цензура.
8. Најполитичката (2017)
На 29 јануари, 2017, поранешниот фотограф на Белата куќа, Пит Суза објави фотографија од Обама, клекнат покрај училишна клупа на која седи млада бегалка што слика. Ова не е само обичен троубек, Суза со оваа фотографија суптилно го осудува Трамп - две години претходно, Трамп потпиша наредба за намалување на бројот на бегалци што смеат да се примат во САД. Од тогаш, Суза редовно објавува слики од Обама кои се контраст на медиумските стории за Трамп.
9. Јајцето (2019)
Малото, глупо, неважно јајце е најлајкуваната фотографија на Инстаграм. На 4 јануари, 2019, акаунт со име @world_record_egg објави слика од јајце и коментар: „Ајде да направиме светски рекорд и да ја победиме Кајли Џенер”.
До март, сликата имаше над 53 милиони лајкови, а до ден денес останува слика со најмногу лајкови на оваа платформа.
10. Најкоментираната (2018)
На 18 јуни, 2018, 20-годишниот американски рапер XXXTentacion го застрелаа за време на грабеж во Флорида. Контроверзниот рапер го оплакуваа во една арена во Јужна Флорида - ковчегот му беше отворен на сцена и илјадници млади фанови пееја негови песни, а на Инстаграм, последната слика што ја имаше објавено сè уште се верува дека е најкоментираниот пост на сајтот. Над 5 милиони луѓе имаат оставено пораки на сликата и со секоја нова минута има нов коментар.