Рок ѕвездата Џони Халидеј (или Алидè, како што се изговара на француски), кој почина на возраст од 74 години од рак на бели дробови, е најуспешниот музичар во историјата на Франција. И покрај феноменалниот успех во својата земја, малкумина го знаеа вон неа.
Бројот на пушачи меѓу возрасните во САД е паднат од 42% во 1965 на 15% во 2015. Како што оваа опасност почнува да се стишува, така научниците почнуваат своето внимание да го вртат кон животни ризици кои се во подем и зафаќаат се поголем удел од црните статистики.
Толку многу сме пишувале за пушењето и другите нездрави навики што ни го прават животот поубав, што не чувствуваме посебна потреба да се вклучуваме во последната епизода за законот. Ама па, зошто да не?
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ви подготвивме текст за кој ќе треба да одвоите доста време. За непушачите тоа не би требало да биде проблем бидејќи и онака ќе живеат долго.
Главно ветување на сите кандидати кои учествуваа на локалните избори без оглед на нивната партиска припадност беше дека „ќе донесат чист воздух“ во градов. Не знаеме од каде точно мислат да го донесат и како, но ако е за некоја утеха имаме историски пример на град кој барем во тек на неколку денови бил позагаден од Скопје, Велес и Битола.
100 уметници од цел свет ги создавале 66-те илјади слики кои го сочинуваат филмот посветен на холандскиот сликар. Доколку би биле поставени физички во просторот, тие би зафаќале територија колку цел Лондон и Менхетен заедно.
Денес ова би се викало „фејк њуз“ или „кромид“. Но во 1989, сè уште бивша Југославија, не било очигледна зафрканција кога во весник, кој се викал ни помалку ни повеќе туку „Комунист“, некој ќе објавел манифест со кој се кандидира за градоначалник на Скопје.
Тоа дека серијава е за група богати американски мајки и нивните проблеми сигурно не е баш некоја реклама за неа. Но под површината на совршениот свет на Монтереј, Калифорнија, лежат куп трауми, тензии и лаги чие разоткривање е и болно и катарзично. Особено со таков актерски кастинг и со таква музика.
Иако денес тоа ни изгледа очигледно, разликата помеѓу „белите“ и оние другите во расна смисла не постоела отсекогаш. Што е и некако логично знаејќи колку долго тие не доаѓале во допир. Концептот „бели луѓе“ всушност го измислил еден - белец.
Во последно време ни се случува еден парадокс: додека слушаме дека веќе е роден првиот човек кој ќе живее вечно, и дека човечкиот век генерално се продолжува, околу нас се разболуваат и на млади години умираат куп познати и пријатели. Добро, кај е тој трансхуманизам што го зборите?
Дојдоа вчера попладне, тренинг не одржаа, туку директ во хотел Мериот каде имаа и прес конференција. Планот на прва им изгледаше дека ќе бидат целосно недопирливи за јавноста како Реал и Манчестер, арно ама не било така. Браво, ова е голем клуб.
Илјадници луѓе меѓу кои имаше и навивачи на Сандерленд, Њукасл и Евертон се собраа во Кантри Дархам попладнево за да го испратат малиот Бредли Лоуери на вечниот пат.
Како би изгледал расказот на Достоевски, „Бели ноќи“, доколку тој би бил архитектонски проект? Би бил висококатница од чиј врв, барем за миг, би можеле да го сведочиме последниот сончев зрак пред осаменоста на самракот.
Со големиот триумф над Каролина Вознијацки (12-та во свет), 47. тенисерка на светот Елена Остапенко стана првата Летонка која што стигнала до полуфиналето на славниот Гренд слем турнир во Париз.
На денешен ден пред 26 години Црвена звезда го победи Олимпик Марсеј во финалето на Купот на европски шампиони (денес Лига на шампиони) и влезе на вечната листа на освојувачи на овој трофеј.
Не е ок (велат) кога поединци кои не се „транс“ играат такви улоги. Не е ок (велат) кога бел актер игра небелечки улоги. Конечно е ок тоа што некој кој знае како е да си аутистичен ќе игра ист таков лик, прв пат на професионална театарска сцена.
Матју Касовиц го памтиме од „Амели Пулен“, од „Амин“ на Коста Гаврас или „Минхен“ на Стивен Спилберг. Го знаеме и како сценарист и режисер на суровиот „Омраза“ со Винсент Касел. Ама во овој филм тој има тешка задача - да игра некој кој е никој и ништо.
„Големите“ филмови, како и големите книжевни дела, си бараат и време и посебна состојба на умот за човек да може да ги совлада и да им го посвети заслуженото внимание. Ако сме искрени, шансата дека ќе одиш по патот по кој почесто се оди е прилично голема во услови на дневен физички замор и психичка истоштеност. Па што има лошо во тоа?
По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.
Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.
Од локално тролање и интернет спрдачина, Љубиша Прелетачевиќ - Бели одеднаш на дел од анкетите во Србија почна да се појавува како еден од можните кандидати кои би влегле во втор круг на избори. Колку што нам сето ова ни станува посмешно, толку на сите оние карши него ова не им е смешно. Едно објаснување на појавата Бели, од локален српски експерт / аналитичар.
Тоа што Борат и Али Џи му беа на Саша Барон Коен, Љубиша Прелетачевиќ - Бели му е на Лука Максимовиќ. Еве ги двајцата на едно крајно серизоно интервју за Н1, како дел од претседателските избори во Србија.
Едно време за оние помалку упатените постоеше заврзлама со прашањето дали е правилно Ирак или Иран. На фудбалската мапа постојат клубови со потполно или приближно исто име кои те тераат повеќе да размислиш кога ќе се сретнат меѓу себе.
Џибрил Сисе, кој беше еден од најхаризматичните играчи на времето па клинците Марио Балотели и Пол Погба сакаа да бидат како ѕвездата на филмот Такси 4 и прават фризури како него, објави дека ќе работи како диџеј и моден креатор.