5 работи што станаа поштетни од пушење

Бројот на пушачи меѓу возрасните во САД е паднат од 42% во 1965 на 15% во 2015. Како што оваа опасност почнува да се стишува, така научниците почнуваат своето внимание да го вртат кон животни ризици кои се во подем и зафаќаат се поголем удел од црните статистики.

Осаменост

Незапирливата доминација на општествените мрежи и се пореткото дружење „во живо“ со пријателите и колегите прават осаменоста да добива размери на епидемија. Пресметката на американски професори по психологија е дека осаменоста има еднакво влијание на намалување на животниот век на поединецот колку и пушење на 15 цигари на ден.

Седење со часови

Една од најголемите заблуди е дека по секојдневно 8 часовно парализирање во столица може да се спасиме со еден саат вежбање неколку пати во неделата. Студија од 2014 покажува дека ваквиот недостаток на движење во текот на целиот ден го намалува ризикот од заболување од повеќе видови рак. Секои дополнителни два часа седење го зголемуваат ризикот од заболување од рак на дебело црево и рак на бели дробови, без разлика на тоа дали поединецот вежба во текот на денот.

Недостаток на сон

50 до 70 милиони жители на САД страдаат од пореметување на спиењето. Според докторите од СЗО недоволната количина на сон го зголемува ризикот од мозочен удар и срцев удар во иста мерка како и секојдневно пушење.

Солариум

Правилото дека солариумот треба да е превентива од пржење на сонце, не значи дека нема граница на важење. Во 2014, дерматолозите докажуваат дека претераното користење солариум предизвикува повеќе рак на кожа отколку што пушењето предизвикува рак на бели дробови.

Нездрава исхрана

Моментално борбата е храната со претерано шеќер и заситени масти да добие барем приближно воочливо налепници за својата штетност како што тоа го имаат цигарите. Студија од 2016 заклучува дека смртноста од нездрава храна е поголема отколку онаа од алкохол, дрога, незаштитен секс и тутун заедно.

7 ноември 2017 - 12:56