Денот кога се ореше Дарко, Дарко, Дарко

На денешен ден пред 26 години Црвена звезда го победи Олимпик Марсеј во финалето на Купот на европски шампиони (денес Лига на шампиони) и влезе на вечната листа на освојувачи на овој трофеј.

Фудбалскиот клуб Црвена звезда и нејзините навивачи слават две куќни слави, но заедно најмногу му се радуваат на 29. мај, денот кога целиот свет зборуваше за белградските „црвено-бели“.

На патот до тронот, Звезда ги елиминираше швајцарскиот Грасхоперс  (1:1, 4:1), шкотскиот Глазгов Ренџерс (3:0, 1:1), Динамо Дрезден од тогашна Источна Германија во четвртфиналето (3:0, 2:1) и Баерн од Западна Германија во полуфиналето  (2:1, 2:2).

Финалето се играше на стадионот „Свети Никола“ (San Nicola) во Бари. Во регуларниот дел беше 0:0, а “црвено-белите“ беа подобри изведувачи на пеналите и славеа 5:3. Решавачкиот пенал го даде Дарко Панчев, а пред него погодуваа уште и: Просинечки, Биниќ, Белодедиќ и Синиша Михајловиќ

Необично е што во текот на сите 120 минути тренерот Љупко Петровиќ направил само една замена кога во финишот од мечот место Савичевиќ го ставил Влада Стошиќ.