Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Шамански ритуал за победа на Перу против Еквадор на патот до Светско првенство

Јужна Америка отсекогаш била погодно тло за шаманство. Во колоритот на народни преданија и страст за фудбал, Јужноамериканците често се занимаваат и со необични нешта. Така во Перу во пресрет на важниот меч од 16. коло квалификации за Светско првенство против Еквадор, група шамани правеле ритуал за пораз на ривалот.

На 80-годишна возраст почина Маурицио Ѕампарини, некогашниот сопственик на Палермо

Најконтроверзниот италијански сопственик на неколку клубови, ентузијаст познат по ексцентричниот однос и смена на безброј тренери во краток временски период, синоќа починал.

Џенова со убава порака до Пандев кој оди кај Буфон

Речиси и да нема клуб во Италија каде Пандев не остави голем печат. Со Лацио освои Куп на Италија и играше Лига на шампиони, со Наполи освои два трофеи во Купот, со Интер на Мурињо освои историска тројна круна, а во Џенова каде беше шест и пол години, на клубот му носеше големи радости со често спасување од испаѓање во втора лига.

Синот на Паличка: „Ландин е подобар голман од тато“

Шведска со рекордно петто злато се врати дома од Европското првенство 2022. Швеѓаните одиграа храбар, борбер ракомет и ги урнаа Норвешка, Франција и Шпанија во завршницата. Најзаслужен за златото беше неверојатниот голман Андреас Паличка кој бранеше чудесно. На враќање од Будимпешта пред новинарските екипи зборуваше и синот на Паличка, Астон, кој вели дека татко му е втор најдобар голман на светот. Прв бил Данецот Ландин.

Горан Пандев има нов клуб, ќе игра со легендарниот Буфон

Најголемата легенда на македонскиот спорт изненадувачки, пред самиот крај на јануарскиот преоден рок реши да смени средина. Ќе игра во некогашниот гигант на италијанскиот фудбал, денес второлигаш Парма.

Топ 10 најплатени ракометари во светот

По завршувањето на супер возбудливото Европско ракометно првенство, ја имаме листата на играчи со најдебели плати. Само двајца ракометари, инаку клупски колеги стигнале до милионска сума.

Како засилување на Милан ја оплеска на првата средба со навивачите

31 јануари е стандарден датум за затворање на зимскиот преоден рок. Паѓале јаки трансфери во 5 до 12, ама и лапсуси. Во Серија А се памети оној на поранешниот аргентински репрезентативец кој во 2017-та од Лацио премина во Милан.

Французите добија почесни медали за четврто место, надмено ги одбиваа

Данска ја освои бронзата на Евро2022 откако ја совлада Франција во дуел за трето место после продолженија 35:32 (29:29). Данците стигнаа до утешната бронза, а олимписките шампиони од минатата година од ЛОИ 2021 во Токио се чудеа кога делегацијата на ЕХФ тргна да им дели и нив некакви медали за четврто место. Тоа се тн. комеморативни медали кои ЕХФ ги најави уште пред Еврото.

Како Премиер лигата му посака добредојде на Ериксен

И официјалниот Твитер профил на Премиер лигата со над 30 милиони следбеници, го најави кам бекот на данскиот репрезентативец. Остави голем белег во Тотенхем од 7 сезони, 305 натпевари, 69 голови. Има уште желба и мотиви за фудбал кај овој човек кој на 14 февруари полни 30 години.

Шпанските коментатори кои експлодираа од емоции за Надал

Едниот беше во транс и го коментираше историскиот миг на Рафа Надал, а другиот е Алекс Кореча, поранешен шпански тенисер и светски рекет број 1 кој не можеше да зборува од возбуда, туку на крај заплака и рече: Јас сум коментатор, но пред сè човечко суштество. Ова што се случи е необјасниво.

Најскапиот фудбалер кој потпиша со Њукасл ќе носи број на дресот како бројот на таксито на татко му

Новите сопственици на Њукасл, државниот инвестициски фонд од Саудиска Арабија кој се смета за најбогат фонд на светот, почна да ги покажува парите. Веќе доведоа сериозни засилувања за клубот кој е трет од позади на табела и води грчевита борба да не испадне во втора лига.

Оро во Милвоки на НБА меч на кој Јокиќ го растури шампионот

Прилично неочекувано, Денвер Нагетс го размонтира НБА шампионот Милвоки Бакс со 136:100 и тоа на гости во нивна сала. Ерик Гордон беше најефикасен во победничкиот тим со 24 поени, Морис уфрли 18 поени, колку што имаше и Никола Јокиќ со девет скока и 15 асистенци за 28 минути игра (5/5 за два, 2/4 за три поен и 2/2 слободни фрлања).

Херојот на зимскиот преоден рок се вика Кристијан Ериксен

Човекот кој пред 7 месеци ја имаше најголемата голгота во животот и кој рече дека 5 минути бил мртов, му се враќа на фудбалот. И тоа не било каде, туку во Премиер лигата, каде играше седум сезони.

Салах ископира асистенција за клуб и репрезентација

Селекцијата на Египет е последниот полуфиналист во Купот на Африкански нации откако со пресврт го совлада Мароко (2:1). Гол и асистенција за Мохамед Салах, кој асистираше идентично како против Рома во Лига на шампиони. Во полуфинале се среќаваат со Камерун, а другата двојка е Буркина Фасо - Сенегал.

Ти го мислиш најголем талент на Манчестер Јунајтед, тој да ти бил психопат

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој веќе пар сезони е меѓу подобрите стрелци во нападот на екипата и игра за репрезентацијата на Англија е уапсен од полицијата во округот Голем Манчестер поради пријава за силување и нанесување тешки телесни повреди на девојка му.

Федерер за Надал: Пред неколку месеци се шегувавме дека сме на штаки

Рафаел Надал стигна прв до рекордниот Гренд слем број 21 во кариерата, а за големиот подвиг доби честитки и од двајцата главни опоненти, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Канада ги победи САД и е на чекор до Светско првенство, Алфонсо Дејвис урлаше

Канаѓаните играат маестрално во квалификациите за Светско првенство 2022 и синоќа без најдобриот играч Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, го совладаа главниот конкурент за првото место САД со 2-0. Головите паднаа во 7’ и 90+5’ минута, стрелци беа Кајл Ларин и Сем Адекугбе. Канада сега има 22 бода и е прва, пред САД и Мексико кој се втори и трети со по 18 бода.

Чудесен лет на Јапонецот Кобајаши, присутните се воодушевија

Кремот на најдобрите претставници во скијачки скокови е во германски Вилинген каде се скока во рамки од Светскиот куп. Викендов го одбележа Јапонецот Рију Кобајаши со неверојатен скок од 152 метри во втората серија и ги шокираше присутните.

Голот вреден шампионска титула и злато во последна секунда

Европското злато се враќа онаму каде што најчесто престојуваше низ историјата - во Шведска. Со петта освоена титула од Евро Швеѓаните се најтрофејни на Стариот континент. Ја совладаа Шпанија во финале 27-26 со драматичен гол од седмерец на 33-годишниот ракометар на Кил Никлас Екберг во последна секунда.

Шведска е нов европски шампион - Шпанија симната од тронот со гол во последна секунда

Во крајно драматичен меч, Шведска го освои златото на 15. издание на Европско првенство. Во финалето против Шпанија Швеѓаните станаа прваци со гол постигнат во последната секунда од пенал.

Епски пресврт на Надал за историски гренд слем број 21

Рафаел Надал испиша нова тениска историја откако во лудо исцрпувачко финале кое траеше над 5 часа, успеа да го добие Данил Медведев со 3:2 во сетови и тоа откако губеше 0:2.

Медведев до судијата: Навивачиве се идиоти, мозок немаат

Нова трета епизода на Данил Медведев, но овој пат не против судијата, туку во разговор со судијата за навивачите вели дека се идиоти, без мозок, односно со празен мозок на кои веројатно животот им е многу лош.

Несериозно новинарско прашање на Австралија опен

Ник Кирјос и Танаси Кокинакис ја освоија титулата во машки довјки на Австралија опен откако ги совладаа сонародониците Метју Ебден и Макс Пурсел. Американски новинар им постави глупо провокаторско прашање на кое му одговорија иронично, брзо и спремни како пушка.