
Горан Пандев после неколку сезони во најстариот италијански клуб Џенова, вечерва потпиша договор со Парма, екипа составена од неколку поранешни прволигашки фудбалери.
По краток разговор, Пандев и Џенова ја прифатиле понудата на „млекарите“ и некогашниот капитен на Македонија потпишал договор до крајот на актуелната сезона. Гранде Пандев ќе игра со легендарниот Буфон кој брани за својот матичен клуб каде се врати од Јувентус.
На овој начин, Струмичанецот, кој го оствари животниот сон со Македонија да настапи на едно големо првенство, ќе заигра за седми италијански клуб. На Апенините е од 2001-ва. Пандев по заминувањето од Беласица, играше во Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова, така што Парма ќе му биде седма станица во исклучително богатата кариера.
За Џенова Горан на 187 натпревари постигна 32 гола во шест и пол години.
По 20 одиграни кола во првата полусезона, Парма не стои нималку добро и со само 24 освоени бода (5 победи, 9 нерешени и 6 порази) е на 12. место, осум бода зад местото кое води во Серија А.
Ќе биде интересно да се види како Пандев ќе одигра во второлигашот кој се бори за елитното друштво каде некогаш беше меѓу доминантните сили.
Soon at @1913parmacalcio pic.twitter.com/Dx3Mf2WXP0
— Parma Fans Macedonia (@ParmafansMKD) January 31, 2022