Во генералниот пласман прв е Германецот Карл Гајгер со 1.189 бодови, само три повеќе од Кобајаши, така што до крајот ќе има голема битка за Кристалниот глобус.
Во женска конкуренција најдобра беше младата 20-годишна Австријка со холандско потекло, Марита Крамер која освои 80,2 поени со скокот од 123,5 метри. Втора зад неа заврши Катарина Алтхаус од Германија а трета Ема Клинец од Словенија. Четврта беше Јапонката Јуки Ито, а петта беше Ника Крижнар исто од Словенија.