
Во приватна клиника во Равена, синоќа починал поранешниот претседател на Палермо. Ѕампарини бил примен во болница во Удине на катлички Божиќ каде бил на интензивна нега. После неколку дена бил пуштен на домашно лекување, но состојбата му се влошила и потоа бил однесен на клиника во Равена.
Ѕампарини на времето беше претседател на клубовите Порденоне и Венеција која што ја внесе во Серија А. Тој подоцна го купи Палермо и стана претседател со најмногу победи во клупската историја.
Под негово водство Палермо не само што се врати во Серија А после цели триесет години, туку го однесе и во Куп на УЕФА и Лига Европа. Во негово време за клубот од Сицилија кој сега е речиси згаснат, играа легенди како Кавани, Лука Тони, Амаури, Миколи, Јосип Иличиќ, Хавиер Пасторе, Пауло Дибала и Македонците Илија Несторовски и Александар Трајковски.
Во 2011 Палермо играше и во финалето на Купот на Италија против силниот Интер.
Ѕампарини важеше за еден од најконтроверзните претседатели зошто редовно, на неделно ниво менуваше тренери, враќаше стари стручњаци на клупата па пак ги отпушташе и така во недоглед. Како претседател доделил вкупно 51 отказ на тренери.