Канада ги победи САД и е на чекор до Светско првенство, Алфонсо Дејвис урлаше

Канаѓаните играат маестрално во квалификациите за Светско првенство 2022 и синоќа без најдобриот играч Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, го совладаа главниот конкурент за првото место САД со 2-0. Головите паднаа во 7’ и 90+5’ минута, стрелци беа Кајл Ларин и Сем Адекугбе. Канада сега има 22 бода и е прва, пред САД и Мексико кој се втори и трети со по 18 бода.

Фудбалерот на турски Бешикташ Кајл Ларин рано го отвори резултатот:

Уште еден играч од турската лига кој игра за Хатајспор, левиот бек Сем Адекугбе направи сјаен продор во последните секунди од мечот за конечни 2-0:

Алфонсо Дејвис, најдобриот фудбалер на Канада не играше, зошто се уште се опоравува по миокардитисот по примена вакцина во баварскиот клуб пред Нова година. Тој мечот го следеше на својот Јутјуб канал каде коментираше со пријател:

Канаѓаните на силен минус и јака зима ги добиваат противниците, за тоа може повеќе да прочитате тука

Капитен на Канада е долгогодишниот голман на Црвена звезда, Милан Борјан кој верува дека со неговата репрезентација ќе се појави на прво Светско првенство. Канаѓаните имаат само едно учество на Мундијал и тоа во 1986-та година.

31 јануари 2022 - 08:19