Несериозно новинарско прашање на Австралија опен

Ник Кирјос и Танаси Кокинакис ја освоија титулата во машки довјки на Австралија опен откако ги совладаа сонародониците Метју Ебден и Макс Пурсел. Американски новинар им постави глупо провокаторско прашање на кое му одговорија иронично, брзо и спремни како пушка.

Имам чудно прашање. Ги гледав вашите натпревари и љубопитен сум. Дали Ник толку ти го допира задникот повеќе и кога не си на теренот?

„Да, повеќе, веројатно повеќе. Не е за пред камери. Го правиме тоа за да се здружиме. Ти се допаѓа Бен, нели?" 

Американскиот новинар Беш Ротенберг потоа се објаснувал дека ова му било интерна шега со двајцата тенисери и дека направил погрешна проценка што го поставил како прашање на прес.

30 јануари 2022 - 09:47