Голот вреден шампионска титула и злато во последна секунда

Европското злато се враќа онаму каде што најчесто престојуваше низ историјата - во Шведска. Со петта освоена титула од Евро Швеѓаните се најтрофејни на Стариот континент. Ја совладаа Шпанија во финале 27-26 со драматичен гол од седмерец на 33-годишниот ракометар на Кил Никлас Екберг во последна секунда.

30 јануари 2022 - 21:45