Најплатениот ракомет во светот е лидерот на селекцијата на Данска, Михел Хансен кој во ПСЖ годишно заработува 1,5 милиони евра.
За фудбал тоа е тапа сума која многумина ја заработуваат на месечно ниво, но за ракомет е врв, бидејќи во овој спорт се вртат далеку помалку пари за разлика од фудбалот.
Зад Хансен има двајца ветерани, Никола Карабатиќ со милион евра плата и Ханс Линдберг, кој во Фуксе Берлин заработува 850.000 евра годишно.
Листата на најплатени ракометари ја објави Totalsportal, a на неа високо котираат и две хрватски ѕвезди Домагој Дувњак од Кил и Лука Циндриќ од Барселона. Првиот со 800.000, а вториот со 700.000 евра годишно.
Пред две години благодарение на Handball tv дознавме и колку изнесуваат платите во РК Вардар под водство на Сергеј Самсоненко, информација која македонските клубови немаат навика да ја споделуваат јавно.
Најплатен беше Игор Карачиќ со 15.500 евра месечно, а капитенот Столе беше шести на листата со 10 бона. Од чаршија имаме чуено на пример дека и Наумче Мојсовски заработуваше исто колку Стоилов, додека играше за Металург.