Џенова со убава порака до Пандев кој оди кај Буфон

Речиси и да нема клуб во Италија каде Пандев не остави голем печат. Со Лацио освои Куп на Италија и играше Лига на шампиони, со Наполи освои два трофеи во Купот, со Интер на Мурињо освои историска тројна круна, а во Џенова каде беше шест и пол години, на клубот му носеше големи радости со често спасување од испаѓање во втора лига.

Најстариот клуб во Италија знае тоа да го цени и убаво го поздрави пред заминување во Парма.

„32 пати благодараиме Горан. Не беше лесно да се прифати твојот избор, но со оглед на тоа кој си и што имаш направено, моравме да ја испочитуваме твојата желба“, стои во посебната објава на Џенова во која има и сјајно видео од сите голови на Пандев во Серија А.

39-годишниот Пандев во последните мигови од јануарскиот преоден рок прејде во Парма каде ќе се најде со стариот добар пријател Џанлуиџи Буфон. 

1 февруари 2022 - 08:40