Синот на Паличка: „Ландин е подобар голман од тато“

Шведска со рекордно петто злато се врати дома од Европското првенство 2022. Швеѓаните одиграа храбар, борбер ракомет и ги урнаа Норвешка, Франција и Шпанија во завршницата. Најзаслужен за златото беше неверојатниот голман Андреас Паличка кој бранеше чудесно. На враќање од Будимпешта пред новинарските екипи зборуваше и синот на Паличка, Астон, кој вели дека татко му е втор најдобар голман на светот. Прв бил Данецот Ландин.

- Колку е добар татко ти?

- Најдобар е на свет…втор најдобар. Ландин е малку подобар.

- Како е чувството да се види како таткo ти носи дома златен медал?

- Чудно некако. Нормално, тој секогаш освојува сребрен или бронзен медал:

Голот вреден шампионска титула и злато во последна секунда

Шведска е нов европски шампион - Шпанија симната од тронот со гол во последна секунда

1 февруари 2022 - 08:31