- Украинскиот бек, Дмитро Горига кој лани доби македонски пасош, дебитираше со три гола на квалификацискиот дуел Македонија - Луксембург.
- „Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам, ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето“, изјави Горига после мечот.
- Фудбалерите, стручниот штаб и луѓето од управата на Бешикташ морале принудно да слетаат на аеродромот Ризе-Артвин во Турција по поаѓањето од Истанбул, затоа што во текот на летот во воздушниот простор на Грузија каде што треба да играат со израелски Хапоел Бер Шева, приватниот авион бил погоден од молњи и громови неколку пати и доживеал големи турбуленции.
- Според пишувањата на турски Хабер7, луѓе од Бешикташ за каналот ТРТ Спор рекле дека турбуленциите биле мошне сериозни и дека пилотите решиле да го слетаат принудно на аеродромот во градот Ризе. А од таму фудбалерите со автобус и автомобили се упатиле кон Батуми во Грузија.
- „Ова беше најстрашен лет што некогаш сме го имале во нашите животи“, рекол некој од управата на Бешикташ.
- Бешикташ е домаќин на Хапоел Бер Шева во Грузија поради тоа што израелските екипи не гостуваат во Турција од безбедносни причини по војната со Палестина. Израелските клубови воглавно се домаќини во Бачка Топола (Србија), Букурешт (Романија) и во Унгарија и Бугарија.
- Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, денеска ќе испише нова страница во историјата на македонската кошарка. На дуелот против Кипар, кој се игра од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, искусниот кошаркар ќе го забележи својот јубилеен 100. настап во националниот дрес.
- Приказната на Војдан во сениорскиот национален тим започна во 2008 година, кога го доби првиот повик од тогашниот селектор Јовица Арсиќ.
- „Дресот на Македонија за мене отсекогаш бил светост. Чувството да се игра за својата земја е посебно и секогаш е исто, без разлика дали настапуваме на Европско првенство или играме квалификации и претквалификации.
- Горд сум што имам можност толку години да ја претставувам Македонија и што стигнав до бројката од 100 натпревари. Тоа е голема чест за мене, но и мотив да продолжам да го давам максимумот. За репрезентацијата секогаш ќе бидам тука, додека ѝ треба мојата помош“, ни изјави капитенот Војдан Стојановски.