Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Како Исланд промаши празен гол за директен пласман на Светско првенство

Исланд дефинитивно немаше среќа на Европското првенство. Иако одиграа маестрални дуели, убедливо ја совладаа Франција, сепак на крајот завршуваат на 6. место. Исланѓаните во директен дуел со силната Норвешка за петто место и директен пласман на Светско 2023 изгубија во продолженијата 34:33. Во последните секунди од регуларниот дел имаа шанса со шут кон празен гол да победат и да не му ја мислат во квалификациите.

Македонија ги дозна двете пречки до Мундијалот, првата е Романија

Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи со стари познаници во обидот да се пласира на следното Светско првенство 2023 и да ја продолжи низата настапи на големите натпреварувања.

Херојската одбрана на Паличка вредна финале за Шведска

Мотивинарата Шведска го скроти шесткратниот светски првак Франција и заслужено обезбеди финале на ЕП. Еден од главните протагонисти им беше голманот Андреас Паличка кој блесна со 12 одбрани и 3 постигнати гола. И тоа беше изолиран неколку дена после позитивен тест.

Атомски ракомет, Шведска и Шпанија ќе играат во големото финале

Откако во првото полуфинале Шпанија ја потопи фаворизираната Данска со 29:25 (13:14), подоцна вечерва Шведска со маестрална партија го урна вториот голем фаворит, олимпискиот шампион Франција 34:33 (17:14).

Сите 17 голови сезонава на Дуле

Појак роденденски подарок за Влаховиќ од трансфер во Јувентус, на биоскоп. По четири години престој во Фиорентина и 49 голови на 108 средби, од денеска со наполнети 22 години и официјално е член на Старата дама. Сезонава ја игра фантастично со 17 погодоци на 21 меч, прв на листа заедно со Имобиле.

На дербито Чиле - Аргентина судиите заборавиле знаменца па мавтаа редарски елеци

Затоа, од овие причини го љубиме тој јужно-американски фудбал. Спонтан, неискварен, чист, со емоција. На мечот од квалификациите за Светско првенство во рамки на Конмебол, Чиле ја пречека Аргентина и загуби со 1-2. Гаучосите до победа и осигуран пласман на Мундијал 2022 ги водеа Анхел Ди Марија и Лаутаро Мартинез.

Медведев повторно му се сипа на судијата, сега уште повеќе

Данил Медведев е втор финалист на Австралија опен откако во второто полуфинале го совлада Стефанос Циципас со 3:1. На Русинот му стана навика да ги вика судиите глупави.

Еден најобичен тренинг на Ибра

Знаете некој друг шпиц со ваква форма и еластичност на негова возраст? 41 ќе полни годинава.

Како Кристијано Роналдо ја запознал неговата сопатничка

Во новиот документарец на Нетфликс Soy Georgina, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, еден од најголемите на сите времиња, и неговата партнерка раскажуваат за нивното секојдневие.

Новиот играч на Севиља Хесус Корона на кого место презиме му стои пивски бренд Текатито

Привлечно чуден е тој латино-американски свет каде прекарот знае да биде поголем и од презимето.

Голман, да видиш кога има уписи за Карате Кид, одма ќе те примат

Еквадор и Бразил одиграа натпревар на кој и двајцата голмани беа настинати во паметот. Додуше Бекер не толку, колку Домингез, кој интервенираше како да не му работи мозокот.

Тифозите на Јуве уште од сабајле го пречекаа Душан Влаховиќ

Најтрофејниот клуб во Италија одново ја демонстрираше својата надмоќ над останатите клубови и во ситуација кога сите мислеа дека бјанконерите се во благ финансиски пад, Јувентус изброи 75 милиони евра (67 + 8 бонус) за српскиот центарфор Влаховиќ од Фиорентина кој денес слави 22. роденден.

Тоа контра 5 на 1 не мора да значи сигурен гол да знаете

Конкакаф квалификациите за Светско првенство никогаш не биле поинтересни. Покрај стандардните САД и Мексико кои со години се први или втори, сега сериозно во игра е и Канада која е прва и со 19 бода е на прагот пред пласман на Мундијал 2022. На овој дел од светот има многу интересни средби, како на пример Костарика и Панама кој заврши 1:0 за домаќините. А многу лесно можеше да биде 0-1.

Голчиште на Ди Марија за Аргентина

Без Лионел Меси кој остана во Париз да се враќа во форма откако беше позитивен на вирусот, Аргентина го совлада големиот ривал Чиле на гости со 1-2. Ди Марија и Лаутаро Мартинез уште во првиот дел дадоа гол за водство на гаучосите, а Беретон Дијаз во 21’ минута беше стрелец за Чиле. Погодокот на ѕвездата на ПСЖ за отворање на резултатот беше маестрален, во негов стил.

Милан Борјан се фрли како мачка

Канада го совлада Хондурас со 2:0 во квалификациите за СП 2022, а херој на мечот е голманот на Црвена Звезда кој на 1:0 направи фантастична парада со која ја сочува предноста.

Колективен срам, четворица ги прати по бурек со месо, јогурт, цигари и блачко

А потоа не даде гол, туку имаше друго елегантно решение.

10 годишниот челинџ на репрезентативец на Исланд

И покрај сите проблеми и препреки, во Унгарија и Словачка гледаме убав и атрактивен ракомет. Има јаки изненадувања, а и по некоја фина приказна меѓу младите момци кои им пркосат на старите волци на оваа игра.

Се сруши дел од трибина на меч на Депортиво Ла Коруња, навивачи испопаѓаа

Некогашниот шампион на Шпанија и екипа која доминираше во Лига на шампиони против многу гиганти, Депортиво Ла Коруња одамна не може да се пронајде. Сега се први во трета лига и на добар пат да се вратат во сегунда. На нивниот меч против Замора на гости, во 90’ минута Алберт Киљес постигнал гол за победа, па навивачите се спуштија надолу по трибината да прослават гол, ама оградата на тој дел од стадионот „Рута де ла Плата“ попушти.

Топ 5 голови од втората фаза на ЕП 2022

Има што да се види на ова Европско првенство, ама ептен. Мајсторииве се толку јаки, што како и да ги наредиле во топ листата, немале да погрешат. Изборот е феноменален, а ова е компилација која се гледа повеќе од еднаш.

Црногорците слетаа во Тиват, а таму армија на навивачи

Селекцијата на Црна Гора го оствари до сега најголемиот успех на големите ракометни натпреварувања, а тоа го препознаа и наградија нивните навивачи, и на првенството, а потоа и дома.

Докторот на Мидлзборо по втор пат сезонава спасува навивач, еднаш од позиција на лекар, втор пат како навивач

Во англискиот фудбал сезонава имаше неколку епизоди во кои гледач на трибините доживува срцев удар или паѓа во несвест, па само благодарение на брзи интервенции на лекарските служби и прибраните присутни, се избегнуваа немили сцени.

In your face Giannis

Веројатно една од најголемите лични сатисфакции во НБА лигата е да му ја запелиш на Јанис Антетокумпо во фаца. Актуелен НБА шампион и МВП во финалето. Горд на тоа е 20 годишниот Еван Мобли од Кливленд, а забивањето е прогласено за број 1 на вечерта.

На Жозе Мурињо му донесоа торта за роденден, првото парче знаеше кому да го даде

По серијата слаби резултати, Рома врза две победи против Лече (3:1) и Емполи на гости (2:4) и малку ја поправи позицијата на табела па сега зад четвртопласираната Аталанта заостанува само пет бода со меч повеќе. Мурињо прослави 59. роденден со играчите и помошниците во соблекувална.

Поради ракомет, исландски парламентарец побара да се симне данската круна

Исланд, заедно со Црна Гора се најпријатното изненадување на Европското првенство во ракомет. „Рибарите“ направија големо чудо откако ја згромија Франција со дури +8 гола разлика. Но на крајот не стигнаа до полуфинале и за тоа ја криват Данска.