За да извади виза за Светското ракометно првенство кое е закажано за Полска и Шведска од 11 до 29 јануари 2023-та, избраниците на Кире Лазаров ќе треба да ги минат Романија па Чешка. Така одлучи денешната ждрепка.
Првиот бараж двомеч е закажан за месец март на кој Македонија прво ќе биде домаќин на 16 или 17 март, а потоа ќе оди на гости на 19-ти или 20-ти.
Ако ја елиминира Романија, македонската репрезентација ќе оди на потешкиот ривал Чешка, но овој пат прво на гости на 11-ти, а потоа дома на 17 април.
Романците ги совладавме во баражот за претходниот Мундијал 2019, а со Чесите се соочивме на претходните три квалификациски циклуси за ЕП, како и во баражот за СП 2017.
Досега се познати 14 селекции учесници на СП 2023: Полска, Шведска, Данска, Шпанија, Франција,Норвешка, Аргентина, Чиле, Уругвај, Бразил, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија.