Тифозите на Јуве уште од сабајле го пречекаа Душан Влаховиќ

Најтрофејниот клуб во Италија одново ја демонстрираше својата надмоќ над останатите клубови и во ситуација кога сите мислеа дека бјанконерите се во благ финансиски пад, Јувентус изброи 75 милиони евра (67 + 8 бонус) за српскиот центарфор Влаховиќ од Фиорентина кој денес слави 22. роденден.

Ентузијазмот кај навивачите на Јуве за расниот голгетер е толку голем што уште по сабајле чекале на студено време во Торино да го поздрават Душан пред да оди на медицински прегледи и потпис на договор.

Претходно во базата на Јувентус пристигна Лео Бонучи кој на присутните новинари им рекол: „Мислевте доаѓа некој друг, а?“

28 јануари 2022 - 10:00