Верните црногорски навивачи им прередија топол пречек на ракометарите кои утрово слетаа во Тиват.
Навивачките песни „Ти ни наша прва љубав“, „Црна Горо волим те“, „Е вива Монтенегро“, кои се слушаа од трибините на Европското, грмеа и на аеродром, а со изданијата и пожртвуваната игра, тоа ракометарите целосно го заслужија.
„За целата радост што ни ја приредија, за гордоста што ја изразија со интонирање на химната и бранење на дресот со црногорскиот грб, заслужија да бидат пречекани на аеродромот со голем аплауз“, стоеше во описот на Фејсбук каде навивачите почнаа да се организираат.
За собирот на навивачите во име на целиот национален тим им се заблагодари капитенот Васко Шеваљевиќ, кој инаку лани го носеше дресот на Вардар.
Инаку Црна Гора заврши на 11 место, што е нивен најдобар успех од осамостојувањето.
Во првата групна фаза не збришаа нас и Словенците и загубија од Данска, а во втората ја победија Хрватска, а беа поразени од Холандија, Франција и Исланд.