Се сруши дел од трибина на меч на Депортиво Ла Коруња, навивачи испопаѓаа

Некогашниот шампион на Шпанија и екипа која доминираше во Лига на шампиони против многу гиганти, Депортиво Ла Коруња одамна не може да се пронајде. Сега се први во трета лига и на добар пат да се вратат во сегунда. На нивниот меч против Замора на гости, во 90’ минута Алберт Киљес постигнал гол за победа, па навивачите се спуштија надолу по трибината да прослават гол, ама оградата на тој дел од стадионот „Рута де ла Плата“ попушти.

Двајца навивачи биле повредени, соопштија од Замора.

Нешто слично се случи и во октомври минатата година кога навивачи на Витезе славеа победа со своите играчи и во еден момент им се урна трибината. За среќа без сериозни последици по никого:

 

27 јануари 2022 - 15:30