На мечот меѓу Блекбурн Роверс и Мидлзборо од англискиот Чемпионшип, на еден навивач на домашните кои се второпласирани во лигата и се борат за Премиер, наеднаш му се слошило и паднал на земја.
Настанала гужва и мало комешање, па судијата го прекинал мечот а лекарската служба на гостинскиот тим Мидлзборо се нашла поблиску до трибината па брзо се качила горе кај несреќниот навивач. Докторот Том Притчард и физиотерапевтот Крис Мозли му пружиле прва помош, му го вратиле дишењето во нормала и тој се освестил.
Мечот бил прекинат 12 минути колку што им требало на лекарските служби да го опорават гледачот кој со амбулантно возило бил префрлен во болница каде стигнал во добра состојба.
„Блекбурн сака да изрази посебна благодарност до медицинскиот персонал на Мидлзборо кои први стигнаа на местото на настанот и му помогнаа на човекот да ги поврати дишењето, а исто и на медицинскиот персонал на Роверс и на навивачите за брзата реакција“, стои во соопштението на клубот кој е втор во Чемпионшип и сонува враќање во елитната Премиер лига.
Се испоставило дека за докторот на Мидлзборо, Том Причард ова е втор ваков случај на спасување несреќен навивач кој доживеал напад и паднал. Причард во октомври лани на меч на Њукасл исто така реагирал брзо кога некој навивач доживеал срцев удар.
Причард е навивач на Њукасл и ја користи секоја прилика да отиде на „Сент Џејмс Парк“ каде веќе 14 години поседува сезонска карта за секоја сезона.
„Сè се случи многу брзо. Јас седев на „Галоугејт Енд“, видов дека нешто се случува меѓу навивачите. Они ги викаа редарите и докторите од брза ппомош, јас видов како една девојка му дава на човекот дишење. Помислив дека можам да се справам подобро и се спуштив надолу кон него“, раскажал Причард.
Кога стигнал до несреќниот навивач на Њукасл, тој веќе лежел без пулс. Причард му пружил прва помош, му дал вештачко дишење, реагирале и докторите на Њукасл и брзата помош, па го приклучиле навивачот на дефибрилатор кој успеал од втора да проработи, па го пратиле со амбулантно возило во болница.
Навивачот на крај бил добро а Причард добил аплаузи и скандирања дека е херој.