Offside

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го пребродија тешкото гостување во Индијанаполис и славеа 111:104 против Индијана Пејсерс со што го вратија брејкот и сега резултатот во финалната серија е 2:2.

Најдобрите потези на Рафа Надал на мечот со Ѓоковиќ

Огромен дел од 15.000 навивачи на арената „Филип Шатрие“ во Париз беа на страна на шпанскиот ас кој игра маестрално на неговата омилена подлога на Ролан Гарос. Во тоа се увери и Новак Ѓоковиќ кој немаше шанса со разулавениот бик од Мајорка.

Барселона нуди фудбал на Камп Ноу 60 минути за 300 евра

Клубот кој е во долгови до гуша е решен да го искористи сиот свој капацитет со цел да ги враќа истите. Летово Барселона би требало да ја напуштат десетина фудбалери на кои управата сака да заработи.

Како Рони го прослави влезот на Ваљадолид во Примера

Во шпанската Примера од следната сезона ќе играат и Алмерија и Ваљадолид, тим чиј сопственик е легендарниот Бразилец Роналдо и тим кој сосема неочекувано доби шанса и ја искористи.

Сударот на гигантите му припадна на Рафа: Надал го разби Ѓоковиќ за полуфинале на Ролан Гарос

Најдобриот шпански тенисер и еден од најголемите во историјата, Рафаел Надал на неверојатен и убедлив начин со 3:1 во сетови го совлада бројот 1 на светската ранг листа, Новак Ѓоковиќ и закажа полуфинале со Зверев кој претходно го елиминираше младиот Алкараз.

Новиот сопственик на Милан славел со навивачите на плоштад, никој не го познал

Педесет и три годишнот Гери Кардинале, човек со очигледни италијански корени, бил присутен на главниот милански плоштад Пјаца Дуомо за време на големата прослава на скудетото кое навивачите го чекаа цели 11 години. Кој е новиот газда на Милан и какви идеи има?

Бразилски ој му не знае

Во 8. коло од бразилската Суперлига се одигра големото дерби меѓу Сантос и Палмеирас. Гостите победија 0-1 со гол на Густаво Гомез во 80’ минута а Твитер со саати се смее за еден потег кој го направија домашни играчи.

Навивачки земјотрес предизвикан од страшен гол во финале на африканска Лига на шампиони

Казабланка слави нова шампионска титула на африканскиот континент за Видад, клуб од Мароко кој е нов шампион на Африка откако синоќа во големото финале го совлада Ал Ахли од Каиро со 2:0.

Ги видовме најдобрите голови, ама кои се најсмешни на сезона 2022/2023?

Има такви епизоди во фудбалот кога сите присутни на стадионот и сите крај тв екрани се држат за глава во неверица и се прашуваат „што направи бе мајсторе“? Еве неколку такви епизоди од штотуку завршената сезона 2022/2023.

Како изгледало финале на Куп на шампиони во 1957-ма?

На денешен ден пред точно 65 години Реал Мадрид го освојува пехарот во Куп на европски шампиони (КЕШ) денес познат како Лига на шампиони. „Кралскиот клуб“ во големото финале ја совладал Фиорентина со 2-0 на домашен терен на „Сантијаго Бернабеу“. Реал ја одбранил титулата освоена претходната година и станал прв клуб кој освоил на свој стадион.

Берлускони дремна на трибини додека Монца бркаше пласман во Серија А

Стариот лаф, веќе изморен од стотици решавачки натпревари како претседател на Милан, сега ужива во малото симпатично клубче Монца кое за првпат во 110-годишна историја успее да влезе во Серија А и тоа најмногу благодарение на Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои го водат клубот.

Застрашувачки гол на Евро У-17

Во полуфиналето на Европско првенство У-17 Холандија и Србија одиграа 2-2 па на пенали поуспешни беа Холанѓаните и во финале ќе играат против Франција У-17 која исто ремизираше 2-2 против Португалија У-17 па во пенал серија се снајде подобро. На овој меч 17-годишниот Дарио Есуго од средниот ред на Спортинг Лисабон постигна страшен гол за 1:2.

Пеколни сцени за фудбалски судија во Босна

Трешњевка и Младост Горни Живници во Тузлански кантон во Босна и Херцеговина играле за опстанок во лигата па тензијата била голема. Гостите во еден момент водат 0:2 па домаќините идиотски бесот го искалуваат врз судиите. Главниот судија бега да спаси жива глава а во исто време присутната полиција си набљудува нормално без да мрдне со прст.

Давиде Анчелоти - јунакот на Реал Мадрид од сенка, води тренинзи, знае 5 јазици и учи од татко му

Карло и Давиде Анчелоти ги рушат стереотипите дека татко и син не можат заедно да работат зошто секогаш ќе имаат различни ставови и погледи на светот околу себе како постар и помлад.

Монца на Берлускони влегува во Серија А првпат во 110 години историја!

Монца е град во сама близина на Милано, со околу 122.800 жители. Некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговата доживотна десна рака, Адријано Галијани пред неколку години го презедоа фудбалскиот клуб од овој град. После пар сезони успеаа да го внесат малиот клуб во елитната Серија А и тоа после голема драма.

Баритон дон Карлето Анчелоти запеа на плоштад

Италијанскиот тренер влезе во историјата. Стана легенда како прв тренер кој освоил дури 4 шампионски титули во Лига на шампиони (две со Милан и две со Реал Мадрид), а има и два пехари со Милан како играч. На „кралскиот клуб“ му донесе шампионски трофеј и во Ла Лига па прославата на „Сантијаго Бернабеу“ беше потполна.

Нов чудесен потег на младиот Алкараз на Ролан Гарос, публиката во транс

Додека се спрема големиот спектакл Надал - Ѓоковиќ, младата светска тениска надеж Карлос Алкараз се пласираше во истата фаза на Ролан Гарос откако го совлада Карен Хачанов со 3:0 во сетови 6:1, 6:4, 6:4 за два часа и 16 минути.

Цел плоштад во Мадрид му прати порака на Мбапе на прославата на титула

Реал Мадрид доминантно владее со Европа. По титулата во шпанска Примера каде направија дар-мар, „кралевите“ го кренаа и највредниот трофеј на континентот. Во финале на ЛШ во Париз со 1-0 го совладаа Ливерпул и стигнаа до 14. евро титула. Тоа беше причина за големо традиционално славје на централниот градски плоштад Сибелес во Мадрид.

Легендарниот Нотингем Форест се врати во Премиер лига после 23 години

Англиската Премиер лига го дозна и третиот нов член кој доаѓа од Чемпионшип. После Фулам и Борнмут, сега и Нотингем Форест се пласираше во елитата откако во финалето на плејофот го совлада Хадерсфилд 1:0 со автогол на стоперот Леви Колуила.

Сент Етјен испадна на пенали во втора лига, навивачите направија хаос каков што не се памети во Франција

Во Франција од почетокот на сезонава 2021/2022 немаше коло кое помина без нереди. А кругот со навивачки хирови го затворија навивачите на трофејниот и еден од најстарите клубови, Сент Етјен.

Колекција од неверојатните одбрани на Куртоа

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа беше прогласен за играч на мечот на финалето Реал Мадрид - Ливерпул. „Кралскиот тим“ поголем дел од натпреварот беше на своја половина, во подредена положба се бранеше одлично, а Тибо беше јунак со неколку феноменални одбрани.

Како изгледаше големото славје на шампионот Реал Мадрид

Реал Мадрид во Париз го совлада Ливерпул со 1:0 и ја освои 14. титула во Лига на шампиони, петта за повеќето фудбалери од актуелниот состав.

Клоп ги повикуваше да дојдат и без карти, па илјадници влегуваа на сила во Париз

Фудбалскиот клуб Ливерпул излезе со соопштение во кое топката за големиот хаос пред финалето на Лига на шампиони со Реал Мадрид во Париз, ја префрла кон организаторот. А не се запрашаа како нивни навивачи без карти прескокнуваа бариери и огради и направија џумбус.

Финалето на Лига на шампиони доцнеше 36 минути поради очајна организација на Париз

Навивачи на Ливерпул без карти насилно влегувале на вечерашното финале поради што многу со влезници останале пред стадионот каде настанал голем хаос.

Кралот одново на тронот, Реал Мадрид е шампион на Европа!

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија 14. титула, петта во последните осум години во Лига на шампиони откако вечерва во Париз на „Стад де Франс“ го победија Ливерпул со 1:0.