Пеколни сцени за фудбалски судија во Босна

Трешњевка и Младост Горни Живници во Тузлански кантон во Босна и Херцеговина играле за опстанок во лигата па тензијата била голема. Гостите во еден момент водат 0:2 па домаќините идиотски бесот го искалуваат врз судиите. Главниот судија бега да спаси жива глава а во исто време присутната полиција си набљудува нормално без да мрдне со прст.

Физички биле нападнати судиите Аган Рамиќ, Амир Хусиќ и Емир Бабајиќ. Мечот се играл на игралиштето во местото Кораја зошто теренот во Маоча веќе од претходно бил суспендиран. 

 

30 мај 2022 - 11:50