- Легендарната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров која постигна 275 гола во Лигата на шампиони се наоѓа на вечната листа од 100 најдобри голгетерки во европската Лига на шампиони. Радуловиќ се пензионираше во 2009-та година а во меѓувреме имаше и неколку повремени настапи во улога на тренер-играч во домашната Суперлига.
- Најдобра во историјата на Лига на шампиони е легендарната Романка Кристина Неагу која има дури 1.232 гола. Јованка Радичевиќ која играше со голем успех за ЖРК Вардар има 1.181 гол а третото место на вечната листа најдобри стрелци и припаѓа на Србинката Андреа Лекиќ која исто играше во Вардар со Радичевиќ. Лекиќ има 1.073 погодоци во елитната Лига на шампиони. Тука се уште и Анита Горбис со 1.016 гола и Ана Грос со 967 погодоци.
- „Ел Чоло“ Симеоне сигурно ќе го води Атлетико Мадрид и следната сезона: договроот кој истекуваше во јуни 2027-ма предвидувал и клаузули кои му давале на тренерот и на клубот можност да го раскинат предвреме. Сега тие клаузули се избришани и Симеоне ќе го води Атлетико 16 сезони по ред!
- Во Европа во моментов подолготраен на клупата на еден ист клуб е германскиот тренер Франк Шмит кој го води Хајденхајкм од 17-ти септември 2007-ма односно цели 19 сезони по ред! Договорот на Шмит со Хајденхајм важи до јуни 2027-ма. Тој го водел клубот од петта аматерска лига до елитната Бундеслига.
- Пеп Гвардиола е трет на листата најдолготрајни тренери во Европа. Тој го води Сити 10 сезони по ред уште од јули 2016-та. Микел Артета е седма сезона по ред на клупата на Арсенал а договорот и нему и на Гвардиола им истекува во јуни следната 2027-ма.
- Македонското ракометно дуо со богата меѓународна кариера и официјално се суспендирани на две години од ЕХФ, плус парично казнети со по 5.000 евра поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство.
- „Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, „Спортрадар“, Ракометниот суд заклучи дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.
- Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување“, стои во дел од соопштението на ЕХФ.