Финалето на Лига на шампиони кое првично требаше да се игра во Санкт Петербург а по воениот конфликт во Украина УЕФА и го одзема на Русија и го додели на Франција, започна со големи нереди надвор од стадионот и сериозно доцнење.
Париското финале на ЛШ доцнеше цели 36 минути поради хаосот на и надвор од стадионот „Стад де Франс“. Проблеми направиле илјадници навивачи на Ливерпул кои немале влезници а се обиделе на сила да влезат на стадионот, а некои од нив успеале.
Париската полиција била приморана да употреби сила да ја возврати толпата а бил употребен и солзавец. Почетокот на мечот Реал Мадрид - Ливерпул доцнеше прво 15 минути а подоцна имаше и ново одложување.
Стотици навивачи на Ливерпул со регуларно купени влезници останале пред врата затоа што полицијата и редарите ги затвориле вратите поради тоа што многу англиски навивачи на сила влегувале без карти.