
Само неколку недели по избивањето на воениот конфликт меѓу Украина и Русија, британските и западно-европските земји му ставија санкции на Роман Абрамович прогласувајќи го за соработник на претседателот на Руска Федерација Владимир Владимирович Путин. Англиската влада му соши етикета „персона нон-грата“ и за него веќе немаше места во Премиер лига.
Му ги замрзнаа сите сметки и имотот за кој англиските власти сакаат да го донира во хуманитарни цели само за Украина.
Абрамович од 2021-ва година и интервјуто за Форбс не се огласуваше за медиумите. Сега првпат кажал само збор-два за Ник Пуревала кој неодамна ја објавнил книгата „Санкциониран“ која се занимава со непознати детаљи од продажбата на Челси.
Во еден дел од книгата, Абрамович вели дека не планира ама баш никогаш веќе да инвестира во фудбалски клуб и дека желбата му е еден ден, ако му се укаже можност, на прав начин да се поздрави со навивачите на Челси кои го обожаваат до ден-денес.
„Можеби еден ден ќе се намести ситуација каде ќе можам да гледам натпревар на Челси и онака како што треба да се поздравам со наввиачите на Челси, но ништо повеќе од тоа. Веќе не ме интересира да имам каква било улога во клуб, можеби да помогнам на млади таленти во развојот, но не во клуб во професионална смисла“, рекол Абрамович.