РЕАЛ МАДРИД - ЛИВЕРПУЛ 1-0 (1-0)
/Винисиус 59'/
Финалето на Лига на шампиони доцнеше 36 минути поради очајна организација на Париз
Во големото финале „кралскиот клуб“ беше подобар од Ливерпул, а решавачкиот гол на мечот го постигна Бразилецот Винисиус во 59. минута.
Тимот предводен од трофејниот тренер Карло Анчелоти имаше само четири удари кон голот на Алисон од кои само еден во рамки на голот и стигна до триумфот.
Од друга страна Ливерпул имаше дури 23 обиди кон противничкиот гол но несовладлив вечерва беше белгискиот голман Тибо Куртоа кој бранеше фантастично и е најзаслужен што Реал ја освои 14. титула!
Куртоа беше и јунак на претходните подвизи на Реал против Челси, ПСЖ и Манчестер Сити.
Од стартот на мечот во Париз кој доцнеше 40-ина минути поради тоа што навивачи на Ливерпул без влезници на сила влегуваа на стадионот па многумина со карти останале надвор, „црвените“ воспоставија контрола, напаѓааа и создадоа бројни шанси но не успеваа да реализираат.
Во првиот дел Ливерпул имаше неколку сериозни прилики а најблизу до гол беше Садио Мане кога Куртоа со крајни сили одбрани а топката се одби од статива надвор од голот.
Пред крајот на првото полувреме имаше и мошне спорна ситуација кога судиите му поништија гол на Карим Бензема поради наводен офсајд. Фабињо беше последен играч кој играше со топка но претходно таа се одби од него пред да шутира играч на Реал Мадрид. По прегледување на ВАР одлуката беше дека голот е неважечки.
Како што го почна првиот дел, Ливерпул го стартуваше и вториот. Тргнаа јуришно кон голот на шпанскиот првак, напаѓаа, создаваа шанси преку своите најистурени играчи, но им следеше студен туш.
Реал Мадрид, како многу пати сезонава и на домашен фронт и во Лига на шампиони, тргна во препознатлива контра, Уругваецот Валверде проби и прати фантастично додавање до Винисиус кој немаше проблем да го матира Алисон за 1-0.
🏆 1956
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 28, 2022
🏆 1957
🏆 1958
🏆 1959
🏆 1960
🏆 1966
🏆 1998
🏆 2000
🏆 2002
🏆 2014
🏆 2016
🏆 2017
🏆 2018
🏆 2022#CHAMP14NS