
Натпреварот започна со честа промена на водствата на двете екипи и после првите 10 минути резултатот на семафорот беше 26:26.
Партизан на полувреме водеше 48:44 по тројката на Стелинг Браун. Во вториот дел Партизан во трета четвртина носен од неверојатната поддршка направи огромна предност од 16 поени (65-49) и тука веќе прашањето на победникот беше решено.
Будуќност се обидуваше да се врати но црно-белите одново отидоа на 15+ поени предност па славјето во белградска „Арена“ почна пред време. На крајот конечни 90:75. Најефикасни кај Партизан беа Дејвис и Браун со по 18 поени, Карлик Џоунс имаше 17 поени а Бонга и Лундберг по 13 поени. Кај Будуќност Јоги Ферел со 23 поени беше прв стрелец, а Танасковиќ додаде 14.
Crno-beli grad!⚫️⚪️ pic.twitter.com/JzmH6pHEZI
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 12, 2025
Ова е осма шампионска титула за КК Партизан во АБА лигата.