Десеткратниот шампион Сент Етјен го изгуби мечот од баражот за опстанок во прва лига и испадна во Лига 2.
И двата меча, и на гости и на домашен терен завршија 1:1 па следуваше пенал серија каде попрецизни беа гостите од Оксер, односно нивниот голман Донован Леон го одбрани уште првиот удар во серијата а сите останати беа прецизни и Оксер стана нов прволигаш.
Но фудбалерите и стручниот штаб на Оксер немаше повеќе од неколку секунди за радување.
Гневните навивачи на Сент Етјен кои цела сезона протестираат против претседателот на клубот и се во конфликт со играчите поради очајните резултати, влегоа моментално на терен и фрлија еден тон пиротехника кон своите играчи кои бегаа кон подтрибинскиот туне за да се спасат.
Фудбалерите истрчаа во соблекувални но на терен ситуацијата не се смери. За да ја смири разулавената толпа, полицијата користела солзавец кој стана „популарен“ и на финалето на Лига на шампиони во Париз. После реакцијата на службите, навивачите се вратија на трибини.
Новинарите и некои вработени на стадионот исто така со навивачите настрадале од солзавците и се обиделе да се скријат во салата за прес-конференции. За тоа време хулиганите го искршиле и разграбиле клупскиот фан-шоп на стадионот.
Страстите се смириле после половина час по пенал серијата. Полицијата ги смирила нередите и ги евакуирала мирните гледачи, новинарите и вработените на стадиониот.
Сент Етјен испадна првпат уште од сезоната 2000/2001. Во Лига 1 овој славен и трофеен француски клуб со најмногу титули заедно со ПСЖ и Лион, играше 18 сезони по ред во Лига 1 од 2004. Додека навивачите беснееа на терен други навивачи го урнале клупскиот сајт каде имало соопштение од претседателот дека скоро ќе објави важна одлука.
Можно е клубот да се продаде на конзорциумот на бизнисменот Дејвид Блитцер кој веќе е сопственик на НХЛ клубот Њу Џерси Девилс, Филаделфија во НБА и Кристал Палас во Премиер лига.