Капитенот на Манчестер Јунајтед со порака до Стефан Ристовски

Големите другари кои на времето го носеа дресот на Спортинг Лисабон, капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш и македонскиот бек Стефан Ристовски, имаа убаво поминато време кај „лисабонските лавови“ со кои освоија неколку трофеи. Од тогаш без прекин трае нивната дружба и комуникација. Сега Португалецот објави видео и порака до Ристовски на италијански јазик.

Бруно и Стефан исто имаат играно во Италија за различни клубови па комуникацијата им е на италијански јазик.

„Ти заслужуваш се најдобро не само во фудбалот туку и во животот. Ти си брат!“, му пишал Бруно на Стефан во натпис над објавено видео од доскорешниот фудбалер на Динамо Загреб.

14 јуни 2025 - 08:55