
Приказната за голманот Конор Трејси е една од поинтересните кога во прашање за фудбалерите кои ќе настапат на Светското клупско првенство на ФИФА кое ќе се игра повеќе од еден месец во САД.
Трејси е голман на Оукленд Сити, клуб од Нов Зеланд кој месецов ќе патува во САД како еден од 32. клуба на Светско клупско првенство и ќе биде најмал клуб и по буџет и по сите други параметри таму.
Во група Оукленд Сити како претставник од Океанија, е извлечен на ждрепка со германскиот хегемон Баерн Минхен, со 35-кратниот шампион на Аргентина Бока Хуниорс и со двократниот европски шампион и португалски гигант Бенфика.
Оукленд Сити е тим со играчи кои имаат канцелариска работа и работат како продавачи. Иако важат за аутсајдери сепак Оукленд Сити не е баш баук. Овој клуб често е најдобар во својот регион и го држи рекордот во својата земја со најмногу настапи на ФИФА Светско клупско првенство, најчесто на она досега на кое играа 7 екипи од разни континенти.
Во 2014-та завршија трети на СКП и тоа им е најголем успех. Во сите претходни и понатамошни настапи испаѓаа после првиот натпревар најчесто против тимот од земјата домаќин.
ОСНОВАН ОД ХРВАТСКА ЗАЕДНИЦА
Оукленд Сити на времето, на крајот од 1940-те години бил основан од далматински имигранти во Нов Зеланд.
Со реструктурирање на најдобрата лига во Нов Зеланд во 2020-та година во кој Оукленд Сити бил единствен тим од старото првенство на новозеландски фудбал, значел дека бројот на натпревари на клубот по сезона речиси да се дуплирал - па од дотогашните 30 натпревари по сезона сега играат по 50 натпревари!
Покрај неделните лигашки натпревари во првенство и овогодинешното Светско клупско првенство, распоредот на Оукленд Сити за 2025-та вклучува и двонеделна Лига на шампиони на Океанија на Соломонски Острови порано годинава и ги чека уште и едно-неделен прекуански престој за ФИФА Меѓуконтиненталниот Куп во декември.
Ретко кој клуб игра толку натпревари во една календарска година. Ова во комбинација со четири тренинзи неделно, физиотерапевтски прегледи како и режим на исхрана кој обично се очекува од врвни професионалци, сето тоа е многу да се бара од група играчи чии фудбалски плати се ограничени на 150 долари неделно за трошоци.
„Ја тоа го трошам на гориво“, искрено вели голманот Трејси за АБЦ Спорт, чие возење од работа до тренинг често може да потрае и до два часа поради големите вжештени попладневни гужви во Оукленд.
Идолот на Трејси и негов ривал на Светското клупско првенство, легендарниот светски шампион Мануел Нојер заработува 700.000 долари неделно во Баерн Минхен. И сигурно не чека во пладневни гужви да стигне на тренинг.
ОД РАБОТА НА ФУДБАЛ
На и онака преполниот и презаситен календар на ФИФА и УЕФА сега им се придодава уште и четири неделен глобален турнир во каленадарот. По напорната клупска сезона која траеше до крај на мај, многу играчи беа и со репрезентативни обврски во јуни па од таму ќе патуваат директно во САД. Минатиот септември Родри од Манечстер Сити изјави дека светските фудбалери мора да се кренат на штрајк ако се продолжи со ваквиот пренапорен календар.
„Јас лично немам некое мислење за тоа, за нас да играме против Баерн Минхен, Бенфика и Бока Хуниорс - нема за што да се жалиме“, вели голманот на Оукленд Сити Трејси.
За нив поголема зафрканција е што ќе мора да „земаат неплатен одмор“ среде работна година и ќе ги нема четири недели на работа.
Трејси и неговите соиграчи ќе ги нема повеќе од 8 недели на работа од 10 месеци во годината, нешто што ретко кој работодавец би го прифатил.
„Можеш да ги видиш само како си го гризат јазикот“, искрено вели и се смее голманот на Оукленд Сити.
А фудбалерите ќе играат против најпознатите светски ѕвезди на планетата што нивните колеги од работа воглавно не го приметуваат.
„Мислам дека тие не го сфаќаат тоа во целост... Нов Зеланд, знаете, и не е центар на фудбалот. Мислам дека се трудат да разберат, што е убаво. Но кога имам отворен муабет со нив (со колегите), тие викаат 'еј тоа е стварно супер'. Но 80% од времето тоа е во шега и 80% од нив се шегуваат само со: 'О да, пак си на одмор'.
Третиот најдобар стрелец во историјата на клубот, Ангус Килколи морал да се одрекне од неодамнешните патувања поради се поголема одговорност на својата работна улога како регионален менаџер на компанија за електрични апарати. Тој исто вели дека луѓето околу него не ја разбираат големината на турнирот Светско клупско првенство.
Трејси се сеќава и на Светското клупско првенство во 2017-та. Тогаш се играло во Обединети Арапски Емирати а тогаш 19-годишниот голман првпат бил приклучен кон првиот тим на Оукленд Сити. Кога истрчал на арената полна со 20.000 гледачи на меч кој го изгубиле од Ал Џазира се чудел.
„Како 19-годишно дете бев научен да играм пре 50-ина луѓе и 20-ина кучиња. Сега излегов и си реков: 'Што ли е ова глеј колку луѓе'. Бев збунет“.