- Новиот тренер на Интер, Романецот Кристијан Киву кој ја водеше Парма, во својот стручен штаб си ги повика некогашните соиграчи Валтер Самуел и Александар Коларов за помошни тренери.
- Коларов досега работеше како селектор на младата репрезентација на Србија У-21, а сега тоа место ќе остане испразнето. Некогашниот фудбалер на Лацио, Манчестер Сити, Интер и Рома, ќе го има првото тренерско искуство на клупски план откако ја заврши играчката кариера.
- Медиумите од шпанското говорно подрачје пренесуваат дека 17-годишниот Франко Мастантуоно, најголемиот аргентински талент од Ривер Плејт веќе потпишал договор со Реал Мадрид.
- Мастантуоно веќе дебитираше за Аргентина, главен играч е на Ривер Плејт, клуб во кој дошол на 11 години. На свои 16 години го имаше своето деби а набрзо и прв гол за Ривер со што стана најмлад еден од двајцата најмлади стрелци во историјата на клубот.
- Реал Мадрид потпишал договор со него до 2031-ва година со откупна клаузула од 1 милијарда евра. Ривер Плејт ќе добие 45 милиони евра колку што е клаузулата во три рати по 15 милиони евра. Мастантуоно ќе му се придружи на Реал Мадрид по 14-ти август кога ќе наполни 18 години. До тогаш ќе игра на Светско клупско првенство за гигантот од Буенос Аирес.
- Откако Барселона им ги зема трофеите во Ла Лига и во шпанскиот Кралски Куп, а во Лига на шампиони испаднаа од Арсенал, „кралевите“ сега сакаат да влезат освежени и засилени во новата сезона.
- По Трент Александер-Арнолд и Фримпонг, одбраната ќе им биде уште посилна и за младиот шпанско-холандски стопер Дин Хујсен (20). Тој доаѓа од Борнмут за сума од 60 милиони евра. Игра стопер а претходно беше член на Јувентус и Рома.
- Хујсен во Борнмут го носеше дресот со број 2, а во шпанската репрезентација за која неодамна дебитираше игра со број 12 или 14. Во Реал Мадрид го добил бројот 24 кој до минатата зима го носеше Арда Ѓулер кој го смени со број 15.
- Бројот 24 во Реал го носеа Дани Себаљос, Арда Ѓулер, Мариано, Иљараменди, Начо, Кедира, Гранеро, Ласана Диара, Алваро Бенито и Аитор Каранка.