
Со разни акции Барса е решена да излезе од тешката финансиска криза, а еден од нив е понудата во текот на цел месец јуни секој кој сака да одигра фудбал или да истрча на Камп Ноу 60 минути, да може да го стори тоа за сума од 300 евра.
На клупскиот сајт Барса објави и како нивни вработени ќе ги спроведат сите кои сакаат да поиграат на Камп Ноу до соблекувалните и до теренот преку легендарниот тунел каде поминуваат играчите. Може да се користат и тушевите.
Повеќекратниот европски и светски шампион сезонава ја почна катастрофално и долго време беше во втората половина од табелата, но по доаѓањето на клупската легенда Чави за тренер, Барса направи неверојатна серија без пораз и сезоната ја заврши второпласирана, зад шампионот Реал Мадрид.
Каталонците во 38 кола освоија 73 бода и ќе играат директно во Лига на шампиони, сценарио кое не беше изгледно во јануари.