Како изгледаше големото славје на шампионот Реал Мадрид

Реал Мадрид во Париз го совлада Ливерпул со 1:0 и ја освои 14. титула во Лига на шампиони, петта за повеќето фудбалери од актуелниот состав.

Искусните играчи на „кралскиот клуб“ покажаа дека нималку не се заситени од бројните пехари во највредното европско фудбалско клупско натпреваување. Марсело и Модриќ имаат по дури 5 пехари од Лига на шампиони!

Моментот кога играчите сфатија дека се шампиони на Европа

Херој на финалето е белгискиот голман Тибо Куртоа кој имаше 9 чисти одбрани, 0 пропуштени голови и силни коментари после мечот.

„Вчера на прес-конференција кажав дека Реал Мадрид ќе победи во финалето на Лига на шампиони. Кажав дека сега сум на правилна страна. После тоа видов многу твитови со натписи дека ќе бидам понижен, но денес се беше спротивно.

Денес требаше да го освојам финалето поради својата кариера, поради толку посветена работа што претрпев. Требаше да победам поради уважување на моето име зошто мислам дека недоволно ме почитуваат, особено во Англија. Ме критикуваа дури и после одлична сезона“, рече Куртоа после големото финале во Париз.

Дури 59 одбрани имаше Тибо Куртоа сезонава во Лига на шампиони и тоа е нов рекорд од 2003/2004 откако компанијата Opta почнала да води статистика во овој турнир.

Големиот Карим Бензема не постигна гол во финалето иако тој е најзаслужен што Реал направи чудесни пресврти на патот до Париз. На францускиот репрезентативец дури и му поништија гол во првиот дел поради наводен офсајд.

Бензема постигна 15 гола во Лига на шампиони пред Левандовски кој даде 13. Дали е на повидок „Златна топка“ за Карим?

Втор пехар на Лука Модриќ со Карло Анчелоти. Првиот го освоија пред 8 години во 2014-та.

 

А за Карло Анчелоти ова е 4-ти пехар во елитната Лига на шампиони со што е рекордер меѓу тренерите. Италијанскиот тренер има две шампионски титули со Милан и две со Реал Мадрид како тренер а има и два трофеи во КЕШ со Милан како играч минатиот век.

Да не испадне дека сме го заборавиле главниот јунак, стрелецот на голот, Бразилецот Винисиус Жуниор

Имаше и коридор за поразениот Ливерпул:

Петта титула во Лига на шампиони покрај Модриќ и Марсело освои и Герет Бејл:

Флорентино Перез и јунакот на финалето Куртоа:

Големиот Марсело заминува на величествен начин, како најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид:

Еден Азар немаше речиси никаква улога во екипата сезонава:

Пет пехари во Лига на шампиони има и неуморниот Дани Карвахал:

29 мај 2022 - 09:30