Во илјадниците коментари и реакции на социјалните мрежи, по некоја мудра глава потсетуваше на огромниот ризик кој можеше да проистекне во Париз пред финалниот меч.
Го споменуваа и Хејсел во 1985-та, една од најголемите трагедии во историјата на спортот кога поради апсолутна вина на хулигани од Ливерпул загинаа 39 луѓе, меѓу нив воглавно навивачи на Јувентус кои во стампедо го губат животот.
Неколку недели пред големото финале во Париз, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп отворено неколку пати ги повикуваше сите навивачи на Ливерпул да дојдат во Париз дури и оние кои се без карти и таму да се направи фешта.
Клоп како да не беше свесен колкави проблеми толкава маса луѓе без карти за меч би можела да направи на полицијата, редарските служби и организаторот.
А Ливерпул, својствено во нивен манир, излезе со соопштение во кое ја обвинува УЕФА и организаторот и бара дури и истрага за тоа што се случило.
„Разочарани сме од проблемите во врска со влезот на стадион и колапсот на безбедносните бариери на кои навивачите на Ливерпул наидоа вечерва на „Стад де Франс“. Ова е најголем меч во европскиот фудбал и навивачите не би требало да доживеат сцени кои ги видовме вечерва. Официјално поднесовме барање за истрага која ќе ги открие причините за сите овие неприфатливи проблеми“, стои на сајтот на Ливерпул.
Од англискиот клуб додаваат и дека полицијата употребила солзавец во толпата во која имало многу жени, деца и возрасни луѓе.
Кралот одново на тронот, Реал Мадрид е шампион на Европа!
Финалето на Лига на шампиони доцнеше 36 минути поради очајна организација на Париз