Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа беше прогласен за играч на мечот на финалето Реал Мадрид - Ливерпул. „Кралскиот тим“ поголем дел од натпреварот беше на своја половина, во подредена положба се бранеше одлично, а Тибо беше јунак со неколку феноменални одбрани.