Монца на Берлускони влегува во Серија А првпат во 110 години историја!

Монца е град во сама близина на Милано, со околу 122.800 жители. Некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговата доживотна десна рака, Адријано Галијани пред неколку години го презедоа фудбалскиот клуб од овој град. После пар сезони успеаа да го внесат малиот клуб во елитната Серија А и тоа после голема драма.

Под раководство на Силвио Берлускони и Адриано Галијани Монца успеа да се избори за прво историско учество во Серија А.

Интересно во финалето на баражот за пласман во богатото друштво, Монца играше против Пиза. На првата средба на домашен терен, тимот предводен од тренерот Џовани Стропа (важен играч на Милан од времето со Ариго Саки) победил 2-1.

На реваншот одигран во неделата вечер на стадионот „Арена Гарибалди - Ромео Анконетани“ пред скоро 30.000 гледачи, Пиза поведува 2-0 после само 9 минути игра за тотално лудило на трибините. Но гостите не се предаваат и Монца се враќа на 2-2 со голови во 20’ и 79’ минута.

Во последни секунди од мечот, во 90’ минута, Џузепе Мастину одново ја носи Пиза во водство од 3-2 и закажува продолженија со вкупен резултат 4-4.

А таму Монца преку Лука Мароне во 96’ и стрелецот на втор гол Кристијан Гиткјер во 101’ минута прави целосен пресврт и победува 3-4 (вкупен резултат 4-6) за историски прв пласман во Серија А!

Неверојатен пресврт:

Илјадници навивачи на Монца ги пречекале хероите со кои имале огромна прослава на главниот градски плоштад.

30 мај 2022 - 09:43