Новиот сопственик на Милан славел со навивачите на плоштад, никој не го познал

Педесет и три годишнот Гери Кардинале, човек со очигледни италијански корени, бил присутен на главниот милански плоштад Пјаца Дуомо за време на големата прослава на скудетото кое навивачите го чекаа цели 11 години. Кој е новиот газда на Милан и какви идеи има?

Бројни европски, пред сè италијански клубови за нови сопственици добија газди на инвестициски фондови од САД кои имаат италијанско потекло. Такви се газдите на Фиорентина (Комисо), на Рома (Палота, па Фридкин), Венеција (Такопина), Сапуто (Болоња)...

Гери Кардинале е роден во Филаделфија каде емигрирале неговите баба и дедо на времето. Тој во овој американски град израснал и завршил училиште пред да се запише на Универзитетот Харвард. Подоцна на Оксфорд добил најпрестижина стипендија Rhodes Scholarship и магистрирал филозофија, политика и економија.

Прва сериозна работа му била во компанијата Goldman Sachs, еден од најголемите фоднови во САД. Подоцна самиот основа сопствен инвестициски фонд RedBird.

Фондот од 2014-та наваму се специјализирал во спортскиот сектор и инвестирале во спортски бизнис во целиот свет. RedBird владее со 85% од акциите на францускиот фудбалски клуб Тулуз кој на многу убедлив начин се врати во француската Лига 1 од втора лига.

Овој фонд има и 10% од контролниот пакет акции на Ливерпул, а преку океанот има акции во бејзбол клубот Бостон Ред Сокс и во хокеарскиот гигант Питсбург Пингвинс. Исто така поседуваат контролен пакет акции и во Dream Sport спортска платформа во Индија, специјализирана за крикет кој е национален спорт бој 1 во оваа земја.

КАКОВ Е СИСТЕМОТ СО КОЈ ЌЕ ВЛЕГУВА ВО ШАМПИОНОТ МИЛАН?

Големата „револуција“ е најчест термин кој го употребувале соработниците на Гери Кардинале, човекот кој наскоро би требал да седне на чело на трофејниот клуб. За разлика од другите итало-американски сопственици на клубови во Серија А, Кардинале е свесен дека седнува на чело на клуб кој има природни аспирации да победува и да освојува титула.

Кардинале ќе го откупи мнозинскиот пакет акции од американскиот фонд Елиот (исто имаа италијанско потекло челните луѓе на оваа компанија).

Милан нема да му биде хоби на Кардинале, туку сериозен проект на компанијата RedBird која би сакала клубот да биде во центарот на еден голем спортски проект. RedBird во своја сопственост ја има и Legends Hospitality, фирма која се занимава со дистрибуција и продажба на карти, маркетинг, производство и продажба на разни артикли и телевизиски услуги.

Навивачите на Милан, особено најтврдата група под името Banditi Rossoneri сè уште не се огласила во врска со оваа купо-продажба на клубот, а тие досега беа во коректни односи со луѓето од Елиот.

31 мај 2022 - 12:41