Берлускони дремна на трибини додека Монца бркаше пласман во Серија А

Стариот лаф, веќе изморен од стотици решавачки натпревари како претседател на Милан, сега ужива во малото симпатично клубче Монца кое за првпат во 110-годишна историја успее да влезе во Серија А и тоа најмногу благодарение на Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои го водат клубот.

Пиза и Монца одиграа спектакуларен реванш. Домаќинот водеше 2-0, гостинот израмни на 2-2. Во 90-та Пиза дава гол за 3-2 и продолженија а во тој момент додека 30.000 урлаат, Берлускони дреме:

На крајот, во продолженија Монца прави луд пресврт и победува 3-4 за пласман во Серија А.

Тука погледнете го цело лудило.

30 мај 2022 - 14:44