Навивачки земјотрес предизвикан од страшен гол во финале на африканска Лига на шампиони

Казабланка слави нова шампионска титула на африканскиот континент за Видад, клуб од Мароко кој е нов шампион на Африка откако синоќа во големото финале го совлада Ал Ахли од Каиро со 2:0.

Спектакуларно финале какво ретко се гледа на африканскиот континент. Играа двата најдобри клубови од Египет и Мароко, Ал Ахли и Видад, а уште пред почетокот на сезоната било одлучено финалето да се игра во Казабланка.

А таму, веќе во цел свет препознатливите навивачи на Видад направија атмосфера каква што само они можат да направат:

Египетскиот Ал Ахли важи за најтрофејниот клуб во Африка, двократен шампион по ред во тамошната Лига на шампиони и рекордер со дури 10 пехари како владетел на црниот континент. Но Видад апсолутно го искористи адутот домашен терен и пред своите луди навивачи го прослави пехарот.

Херој на финалето беше двократниот стрелец, 26-годишниот Зохеир Ел Мутаражи кој во 15’ минута постигна невозможен еврогол од далечина и предизвика лудница на трибините.

Во 48’ минута, на самиот старт на вториот дел Ел Мутаражи даде и втор гол за да ги зголеми на 2:0. Ал Ахли во продолжение од мечот напаѓаше и се обиде да се врати резултатски, но домаќинот ја сочува мрежата и заслужено стигна до трета шампионска титула во африканската Лига на шампиони.

Мечот се играше пред преполн стадион „Мохамед“ во Казабланка каде илјадници навивачи на мароканскиот тим еуфорично ја прославија новата шампионска титула.

Медалите и пехарот им ги врачи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино:

31 мај 2022 - 09:09