
Како и во полуфиналето против Денвер Нагетс на Никола Јокиќ, Оклахома Сити Тандер успеа да се крене по домашен пораз и да возврати на гостински терен. Таман кога Индијана Пејсерс имаше можност да отиде на големии и недостижни 3-1, „громовите“ израмнија на 2-2.
Во натпревар со голем набој, Индијана Пејсерс имаше под контрола се: домашна гласна публика, двоцифрена предност и одличен напад. Но Оклахома Сити Тандер успеа да го однесе мечот во неизвесна завршница а таму гостите покажаа и поголема смиреност.
Шеј Гилџес-Александар одигра фантастичен натпревар. Постигна 35 поени (11/20 за два, 1/4 за три и 10/10 за слободни фрлања), со три скока, три украдени топки и една блокада.
15 од 16-те поени на Оклахома Сити Тандер во последните четири минути беа на Шеј Гилџес-Александер.
Огромна поддршка имаше и од Џајлен Вилијамс кој постигна 27 поени со 7 скока. Алекс Карузо уште еднаш се покажа како клучен играч од сенка со 20 поени и дури пет украдени топки, а стандардно добриот Чат Холмгрен даде 14 поени со 15 скока.
Трагичар на мечот кај Индијана Пејсерс беше херојот од минатиот натпревар, Бенедикт Матурин. Тој пред самиот крај прво промаши три слободни фрлања, направи два непотребни фаули и отвори шанса за Оклахома да се врати во игра.
Најефикасни кај Пејсерс беа Паскал Сијакам со 20 поени, 8 скока, 5 асистенции и 5 украдени топки. Тајрис Халибуртон даде 18 поени со 7 асистенции а Оби Топин имаше 17 поени со 7 скока.
Серијата се игра до 4 победи а сега се сели во Оклахома каде „громовите“ пред своите навивачи ќе ја напаѓаат третата победа за да бидат на чекор од историска шампионска титула.