Offside

Првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Барселона и Интер заврши спектакуларно со шест гола. Нераѕурите водеа со 0-2, Барселона се врати, на крајот конечни 3:3 како најава за неизвесен реванш.

Што ја чека сега ракометна Македонија?

Македонската ракометна селекција забележа убава победа за крај на Евро 2024. Триумфот против Швајцарија во последното коло од групната фаза е важен од неколку причини.

Убавината на баскиското дерби

Во осминафинале на шпанскиот Кралски Куп Атлетик Билбао со 2-0 го совлада Алавес во баскиското дерби. Стрелец на двата гола беше Асиер Виљалибре а пред мечот навивачи на двата тима свиреа на традиционалниот стар баскиски инструмент Чалапарта.

Сите голови на Марко Митев, најсветлата точка на ракометна Македонија

На минатото Европско дебитираше против светскиот првак Данска и веднаш покажа дека има материјал во него. Две години подоцна, на само 20 години, веќе се истакнува како една од главните алки во играта на нашиот национален тим.

Двата еврогола на Душан Влаховиќ кои го држат Јуве во борба за скудето

Во последниот меч од 20. коло од Серија А, Јувентус со 3-0 го разби Сасуоло и ја продолжи неизвесната трка со Интер за првото место. Јуве носен од Душан Влаховиќ кој постигна два феноменални гола и еден на неговиот компањон Кјеза, ја забележа 15. победа во сезоната и има 49 бода, два помалку од лидерот Интер.

Трет меч, трет цепелин на Македонија

Цепелинот е заштитен белег на македонската ракометна репрезентација веќе со години. По оние два против Франција и Германија, нашите ракометари изрежираа цепелин и против Швајцарија. Го реализираше Филип Талески кој ја врати предноста на +5.

Последните 75 секунди од драмата во Берлин

Неизвесноста во второто полувреме кое ја направија Швајцарците после негатива од 5 гола, ни го крена адреналинот како во старите добри времиња. Но при нерешен резултат, на нешто повеќе од една минута, финишот беше каков што можевме само да посакаме. Гол на Јагуриновски за водство, одбрана на Томовски која им ја фати жива, инструкции на Кире и уште еден гол на Митев за точка на мечот. Машки одиграно дечки.

Победа на Македонија за крај на Европското

Најдобрите македонски ракометари ја совладаа Швајцарија 29-27 (13-9) и со победа го завршија Европското првенство во Германија. Овој триумф е важен и за баражот за Светско првенство 2025.

Австралија Опен го корегираше гафот со македонското знаме

Забраната за вадење македонско знаме на Гренд слем турнирот во Мелбурн е веднаш повлечена.

Новата млада ѕвезда на Купот на Африкански нации

Фаворитот за злато на штотуку започнатиот Куп на Африкански нации, Сенегал успешно го отвори турнирот и со 3:0 ја совлада Гамбија. Два гола на мечот постигна новата ѕвезда на Африка, 20-годишниот Ламин Дијара од кој едниот беше прекрасен погодок. Дијара лани играл на Африкански Куп за играчи од домашните првенства и таму блеснал после што потпишал за француски Мец.

Македонија е убедливо прва на ЕП по број на загубени топки

Со почеток од 18 часот, македонската ракометна репрезентација против Швајцарија го игра третиот и последен меч на тешката европска авантура во Германија. Статистиката вели дека мора да се игра со поголема концентрација и претпазливост.

Анри ја мајтапеше водителката која навива за Тотенхем

Меси не се појави на доделувањето на наградите на ФИФА, а ниту пак Халанд и Мбапе кои завршија во топ 3. Тиери Анри, кој е надарен за комичар, рече дека има две причини за да ја земе наградата на Меси. Прво затоа што никогаш не ја освоил и второ затоа што водителката навива за клуб кој не е навикнат на трофеи.

Се огласи и Мурињо

Американскиот милијардер Дан Фридкин и неговиот син Рајан Фридкин одлучиле да го отпуштат тренерот на Рома Жозе Мурињо поради очајните резултати на екипата сезонава. Ова е четврти отказ за Жозе кој беше отпуштан од Тотенхем (2021), Ман. Јунајтед (2018) и Челси (2015). Португалецот ги водеше Римјаните на 138 средби и забележа 68 победи, 30 нерешени и 40 порази.

Анри го праша Пеп кој е појак, Барселона 2009 или Манчестер Сити 2023?

Пеп Гвардиола го доби признанието за тренер на годината во изборот на ФИФА, а потоа остана на бината додека се читаше најдобриот тим за 2023-та. Во него беа избрани шест играчи на Манчестер Сити, што е најголем број после тројната круна на неговата Барселона во 2009-та. Анри му постави прашање на кое беше многу тешко да се одговори, а Пеп ги изнасмеа сите со првичната реакција.

Благотиншек да ви покаже како се прави жртва за репрезентација

Словенија покажа заби во првата групна фаза и ја комплетираше со 3 од 3 против Фарски Острови, Полска и Норвешка. Погледнете ја оваа пожртвуваност на Блаж Благотиншек, кој се фрли на паркетот и го исфрустрира голманот кој мораше да интервенира побрзо.

Се разделија Жозе Мурињо и Рома, толку од приказната

Рома се огласи на официјалниот сајт со соопштение во кое наведува дека го отпушта трофејниот светски стручњак Жозе Мурињо кој има преслаби резултати сезонава а екипата практично и да не игра ништо.

Најдобрите акции на годината во НБА

Најсилната лига на светот и во 2023-та демонстрираше атракции, шоу и спектакл. Од НБА стигна видео со најдобрите 100 акции кои ја одбележаа целата календарска година.

Од кај ти е жената од таму си ти

Големата НБА суперѕвезда Пол Џорџ веќе неколку години е во брак со Србинката Данијела Рајиќ. Тој често ги користи летните паузи во НБА да сврати во Белград каде неколку пати излегувал со сопругата во ноќните клубови. Сега со соиграчот Ивица Зубац од Хрватска проба да каже што научил.

За кого гласаа Барди и Милевски на ФИФА наградите?

На цвечената церемонија во Лондон, ФИФА ги додели наградите за најдобрите во изминатата година. Победи Меси кој заврши со ист број на бодови заедно со Халанд.

Пушкаш наградата во рацете на анонимен Бразилец кој направи ножички од 20 метри

Гилјерме Мадруга од Ботафого ја освои наградата за гол на годината, која му ја додели ФИФА на церемонијата во Лондон. Тој се истакна со страшни ножички на мечот против Новоризонтино во втората бразилска лига и ги засени другите кандидати.

Му нема рамен - Рони О’Саливен до осма шампионска титула

Најдобриот снукер играч на сите времиња, Британецот Рони О’Саливен (48) стигна до нов, осми пехар на Мастерс турнир во својата богата кариера и тоа после голем историски пресврт.

Махериште на колото за 1,2 милиони денари

Одбрал четири пара, ги одиграл „дупла победа“, ги уплатил на две ливчиња по 500 денари, а за возврат добил 20.000 евра.

Австралиски комичар го имитираше Ѓоковиќ

Се вика Елиот Лони, а шоуто го прави на Австралија опен во друштво на Новак кој му признава дека го кине добро. За издвојување се смеењето и покретите пред да се сервира.

Израелец дал гол во Турција, неприкладно го прославил па го депортирале

Дваесет и осум годишниот израелски центарфор Сагив Јехезкел кој игра за турскиот клуб Анталијаспор, постигнал гол против Трабзонспор за 1-1 во 68’ минута и му донел важен бод на својот клуб во неделата вечер. Но решил да го прослави така што покажал завој на рачниот зглоб со натпис „100 дена, 7/10“ што е конотација на израелските заложници кои 100 дена биле во заложништво по нападот на Хамас на 7 октомври годинава.

Знае ли да ја објасни некој чудната забрана на македонското знаме на Австралија опен?

На две големи спортски натпреварувања кои се во тек, некој има против нашето знаме. На едното каде што игра Македонија забрането е старото знаме, а на второто каде што немаме претставник е забрането и старото и актуелното. WTF?