
Парот Неал Ренмери и Сена Хавербек за белгиски ВРТ Њуз раскажале што направиле. Тие дошле на стадионот „Алијанц Арена“ ден пред финалето на Лига на шампиони. Стигнале некако до еден од тоалетите кај трибините и таму залепиле налепница „НЕ РАБОТИ“.
Откако го сториле тоа, седеле повеќе од 24 часа, речиси 27 часа додека не се отвориле вратите од трибините за финалето и додека не дошле вработените на стадионот.
„Имавме со нас ранци со храна и гледавме на телефоните за да утепаме време. Светлата беа вклучени цело време а седечката позиција не беше комотна, така што спиењето беше невозможно. Тоа и физички и ментално ни отежна“, вели Ремери.
Кога слушнале дека навивачи почнале да влегуваат другиот ден, тие со душа го чекале моментот и го напуштиле тоалетот. На тој начин ги избегнале контролорите на карти и редарите па се приклучиле на 86.600 навивачи на трибините.
„Гледавме внимателно кој редар обрнува најмалку внимание. Додека бевме на телефон и со храна во рацете само поминавме и наеднаш бевме внатре. ПСЖ победи 5-0 и ние бевме во сектор кај победничката страна. Тоа беше најубав фудбалски меч што некогаш сум го гледал“.
Влезниците за дуелот движеле некаде од 90 до 950 евра.